12.12.2021

На домашен терен беа за малку подобри од МЗТ Скопје Уни Банка (75:71)...

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Трета победа за Куманово 2009

До трета победа и каков-таков приклучо со екипите кои имаат две повеќе (а ги има неколку по десетте одиграни кола), дојдоа кошаркарите на Куманово на вачерашнито дуел протиц екиата на МЗТ Скопје Уни Банка

КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА          75:71

По тројката на Настовски, кумановци стигнаа на „пола кош“ негатива (25:26) по нецели три минути играње во втората четвртина. Но гостите успеаја да го одбијат тој напад. И за кратко време, одново ја вратија позитивата која ја имаа по првата четвртина.

По реализацијата на Андоноски повторно имаа комотни (35:27), на 4:47 минути до крајот на полувремето. Кумановци односно се доближија до (36:39), но полувремето сепак го доби МЗТ скопје Уни Банка со (40:38).

Рансом даде 12, а новакот во редовите на помладиот тим од Ародром, Јигитоглу уште десет поени, колку што на другата страна реализираше Настовски.

Долго време младите „металци“ го бранеа тоа минимално водство. На 5:51 минути пред истекот на третиот период, Куманово 2009 поведе со (46:45). Нешто потоа и со (50:48).  Но, новакот кај кумановскиот тим, Мексвејн донесе ново израмнување (52:52), за тој трет дел од играта да финишира со водство на домашната екипа од (58:52).

Куманово 2009 ја продолжи серијата, и поведе со (60:52). И во последните десет минуити успеа да дојде до третата победа во првенството.

И покрај тренерската смена, екипата која сега ја води Борис Нешовиќ останува на скор од една победа.