20.12.2021

„Баделки“ ја продолжија победничката серија со убедлив триумф на гостински терен против Пробаскет (86:41)

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: „Десетка“ за Бадел 1862

Еуфоријата од успехот во Јадранската лига, кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија и во домашниот шампионат. Актуелниот лидер во Првата лига стигна до својот десетти триумф во сезоната, откако без особени напори славеше на гостувањето кај Пробаскет со резултат (86:41).

Со тоа девојките во „сино-жолта“ комбинација ја задржаа предноста од две победи во однос на конкуренцијата која ја чинат Баскет Кам 2011 и Вардар.

И овие две екипи славеа сигурни победи во овој круг од натпреварите. Баскет кам 2011 беше убедлив против Работнишки (100:69), а Вардар стигна до особено важна побед ана гостувањето кај Струга 2009 (73:60).

Крја на серијата порази ставија и кошаркарките на Крива Паланка со победа над екипата на МЗТ Скопје Аеродром (85:54).   

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Пробаскет – Бадел 1862 41:86

Струга 2009 – Вардар      60:73

Баскет Кам 2011 – Работнички            100:69

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром     85:54

ТАБЕЛА: Бадел 1862 20, Баскет Кам 2011 18, Вардар 18, Струга 2009 16, Крива Паланка 14, Работнички 12, МЗТ Скопје Аеродром 12, Пробаскет 10;

ИДНО КОЛО (25.12)

Струга 2009 – Пробаскет

Работнички – Бадел 1862

Вардар – Крива Паланка

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Гостивар – Тим Арена     55:57

Куманово – Шкупи          35:51

Гризли – Патриот 2016   55:42

Мега Баскет – слободен

Трокал – слободен

25.12: Трокал - Риниа

ТАБЕЛА: Трокал 14, Патриот 2016 14, Гризли 14, Шкупи 13, Гостивар 2009 12, Тим Арена 12, ЖКК Куманово 2020 10, Мега Баскет 8, Риниа 7;

ИДНО КОЛО (29.01.2022)

Тим Арена – Риниа

Трокал – Мега Баскет

Гризли – Шкупи

Куманово - Гостивар

Патриот 2016 - слободен