ФОТО: Кошаркарите на Соколи 1933 чекаат грешка на лидерот
На едно коло до крајот на првиот круг од натпреварите, екипата на Чаир има една победа повеќе во однос на првиот пратител, екипата на Соколи 1933, и две пред скопски Вардар.
Вака изгледа епилогот по одигрувањето на десеттото второлигашко коло, во кое екипата на Чаир само уште еднаш ги потврди своите прволигашки амбиции откако славеше многу важен триумф над Вардар, и тоа на гостински терен со резултат (82:73).
Победа запиша и екипата од Штип, Соколи 1933 наиде на сериозен отпор од Тетекс ТТК, но на крајот го реализираше планираното (82:75).
Приклучок со водечките екипи држи и екипата на Шкупи, која беше подобра од битолска Хераклеа (96:74), како и велешки Борец Баскет кој во неизвесен меч го совлада Баскет Кам со (89:85).
Крај на серијата порази ставија младите кошаркари на Црн Дрим, и тоа на гостувањето кај Партизан Водно Санс (107:82).
Наредниот викенд се игра 11. коло, последно од првиот дел од Втората лига, а ни го носи „дербито на Чаир“, во кое Шкупи го дочекува лидерот Чаир 2030.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
Вардар – Чаир 2030 73:82
Соколи 1933 – Тетекс ТТК 82:75
Шкупи – Хераклеа 96:74
Борец Баскет – Баскет Кам 89:85
Партизан Водно Санс – Црн Дрим 82:107
14.12: Струмица - Охрид
ТАБЕЛА: Чаир 2003 19, Соколи 1933 18, Вардар 17, Шкупи 16, Баскет Кам 15, Партизан Водно Санс 15, Борец Баскет 14, Струмица 13 (-1), ГКК Охрид 13 (-1), Тетекс ТТК 13, Црн Дрим 12, Хераклеа 12;
ИДНО КОЛО (18.12)
Хераклеа – Борец Баскет
Чаир 2030 – Шкупи
Тетекс ТТК – Струмица
Баскет Кам – Партизан Водно Санс
Охрид – Вардар
Црн Дрим – Соколи 1933