Во одличен амбиент, добра кошарка, младиот состав на Феникс 2010 му го нанесе првиот пораз на лидерот на Истокот (79:77).
Требаше да поминат десет кола од Втората лига за да се дојде до констатацијата дека повеќе нема непоразени екипи во ова натпреварување.
За тоа се погрижија кошаркарите на Феникс 2010, кои во доста неизвесен и драматичен натпревар ја совладаа досега непобеденета екипа на ТФТ.
Славеа „фениксовци“ со минимални (79:77), па сега со скор (7-2) се на само еден чекор до водечката екипа во источната конференција од Втората лига.
Два порази, но по осум одиграни мечеви, има и Струмица која вечерва ќе го одигра својот меч против екипата на МКК Куманово. А во оној друг меч од ова десетто коло, Борец Баскет беше подобар од Спарта (85:73).
На Западот, промена на лидерското место. Струшки Црн Дрим беше убедлив во дуелот со Тетекс ТТК (74:55), и изби на првата позиција, макар за момент затоа што екипата на Партизан ВС ќе игра против Албес за три дена.
Хераклеа беше многу подобар ривал од Спорт Тим (104:81), а победа реализира Мега Баскет, кој во Прилеп го победи составот на Чаир 2030 со резултат (89:76).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
Борец Баскет – Спарта85:73
Феникс 2010 – ТФТ 79:77
МКК Куманово – Струмица денеска
Шкупи – Баскет КАМ (18.02)
Риниа - слободен
ТАБЕЛА: ТФТ 17, Феникс 2010 16, Струмица 14(-1), Борец Баскет 13, Спарта 11, МКК Куманово 11 (-1), Баскет КАМ 11 (-1), Шкупи 11 (-1), Риниа 10;
ИДНО КОЛО (22.02)
ТФТ – МКК Куманово
Струмица – Борец Баскет
Спарта - Шкупи
Баскет КАМ – Риниа
Феникс 2010 - слободен
ЗАПАД
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
Мега Баскет – Чаир 2030 89:76
Црн Дрим – Тетекс ТТК 74:55
Хераклеа – Спорт Тим 104:81
Албес – Партизан ВС (20.02)
Ангели - слободен
ТАБЕЛА: Црн Дрим 16, Партизан ВС 15 (-1), Ангели 14, Мега Баскет 14, Чаир 2030 13, Тетекс ТТК 13, Хераклеа 13, Спорт Тим 10, Албес 9 (-1),;
ИДНО КОЛО (22.02)
Партизан ВС – Хераклеа
Спорт Тим – Црн Дрим
Тетекс ТТК – Мега Баскет
Чаир 2030 – Ангели
Албес - слободен