Во првиот меч од ова 10.првенствено коло, и првиот од двата кои се играа(т) во СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на МЗТ Скопе Уни Банка, дојдоа до триумф против екипата на ФМП Академија.
Прв за нив во овие година и половина откако се дел од прволигашката конкуренција
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ФМП АКАДЕМИЈА 88:77
Во првото полувреме двете екипи си поделија по една четвртина. Првата ја добија гостите со резултат (20:16), втората и припадна на домашната, (22:12).
Сето тоа доволно за водство на МЗТ Скопје Уни Банка од (38:32).
Дел од играта во кој дури осум домашни кошаркари влегоа во записникот. Или еден повеќе во однос на противникот. А ниту еден од актерите не ја надмина двоцифрената бројка на реализации.
Разликата од шесте поени се должи и на крајно лошото шутерско издание на „пантерите“ кои имаа „нула проценти“ во шутот за три поени (0/6). Макар што и домашната екипа не можеше да се пофали со оние 38% во реализацијата од поле.
Не се сменија многу работите ниту во оние „втори“ 20.минути. Дел од играта во кој гостинските кошаркари се обидуваа да ја стигнат таа навидум достижна негатива.
Но никако не успеваа во тоа...
Се чини дека и долгата пауза помеѓу две првенствени средби како да делуваше многу позитивно за тимот кој од клупата го предводи Борче Даскаловски.
Па по овие 40.минути стои и констатацијата дека МЗТ Скопеј Уни Банка веќе не е екипа која не ја почувствувала сласта на победата. И дека само уште гевгелиски Кожув не го направил тоа,
МЗТ Скопје Уни Банка успеа во тоа, го заслужија тоа во целост младите кошаркари од Аеродром.