01.03.2021

​​​​​​​Поради турнирот од WABA лигата кој во неделата се одржа во Крива Паланка, се одиграа само три натпревари

10.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Работнички дојде до првата позиција на Западот

Натпревари во кои најубедливата победа ја остварија кошаркарките на Работнички. Го наполнија кошот на екипата на Пантери (120:23), па со скор од шест победи и еден пораз се искачија на првото место во групата Запад, со еден натпревар повеќе во однос на конкурентите.

Струга 2009 има максимални шест победи во исто толку натпревари откако стигна до убедлив триумф против Шкупи (67:38), кој го впиша петтиот пораз во осум одиграни мечеви во досегашниот дел од сезоната.

Максимален број на победи пет, вО исто толку мечеви има и екипата на Бадел 1862, но и неколку одложени мечеви.

На Истокот се одигра само еден меч во кој Про баскет во Кавадарци беше убедлив против ЖКК Куманово (89:50). Доволно за ефект (4-2) во шест одиграни средби.

Баскет КАМ и Вардар со ефект (5-0) се водечките екипи во оваа група, но исто така, имаат неколку одложени натпревари.

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

ИСТОК

Про Баскет – ЖКК Куманово    89:50

КАМ Баскет – Крива Паланка  одл.

ЖКК Вардар – слободен

ТАБЕЛА: КАМ Баскет 10, ЖКК Вардар 10 Про Баскет 10, Крива Паланка 9, ЖКК МЗТ Скоје Аеродром 8, ЖКК Куманово 2020 7;  

ИДНО КОЛО (06.03)

Про Баскет – Баскет КАМ

ЖКК Вардар – Крива Паланка

ЖКК Куманово – ЖКК МЗТ Скопје Аеродром

 

ЗАПАД

Струга 2009 – ЖКК Шкупи         67:38

ЖКК Работнички – Пантери      120:23

Трокал – Бадел 1862       одл.

ТАБЕЛА: ЖКК Работнички 13, Струга 2009 12, ЖКК Шкупи 11, Бадел 1862 10, ЖКК Гостивар 2009 10, Пантери 10, Трокал 9;

ИДНО КОЛО (06.03)

Струга 2009 – Трокал

ЖКК Гостивар 2009 – Бадел 1862

ЖКК Шкупи – ЖКК Работнички  

Пантери - слободен