18.12.2021

Двејн Морган со кош на четири секунди пред крајот му донесе победа на својот тим против МЗТ Скопје Уни Банка (71:69)

11. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Аеродромци“ и дефинитивно без решенија за Феникс 2010

За десетина дена, најпријатното изненадување во Првата лига ги совлада двете екипи на МЗТ Скопје.

Победата против шампионот беше сензација на сезоната, а вечерва го совлада и вториот тим од Аеродром

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ФЕНИКС 2010    69:71

Кога игра Феникс 2010, мечевите не можат да минат без драма, а така беше и вечерва кога победникот беше одлучен со кош на четири секунди пред крајот.

Мечот беше исклучително неизвесен, највисокото водство на Феникс изнесуваше десет разлика (18:8), но тоа се случи во првата четвртина, по што МЗТ Скопје Уни Банка направи (7-2) и првите десет минути ги заврши со -5 (15:20).

Кон средината на вториот квартал, контролата на резултатот ја презеде формалниот домаќин на овој меч, кој поведе со (32:28), а на голем одмор замина со минимални (33:32).

Почетокот на второто полувреме донесе нов пресврт, сега во корист на Феникс 2010 кој поведе и со осум поени разлика (43:35).

Контролата на резултатот, гостите ја имаа до средината на последната четвртина кога МЗТ Скопје Уни Банка е врати во водство. Поведе со (65:61). Феникс 2010 одговори со осум поени во низа, но тука почна кулминација на драмата.

Во последната минута се влезе со 69:65, Рансом со две слободни фрлања намали на -2, за неколку секунди подоцна тој да ја украде топката и да го израмни резултатот.

На четири секунди пред крајот, Морган се ослободи од својот чувар и постигна кош за победа на Феникс 2010.

Морган и Џонс со по 14 поени го предводеа Феникс 2010 кон шестата победа. На спротивната страна, Рансом постигна 25. Поени, со пет од вкупно седумте тројки на МЗТ Скопје Уни Банка.

*На вториот натпревар во ова 11. коло, екипата на Еуро Никел 2005 беше многу подобра против видно ослабениот состав на Ангели.

Славеа кавадарчани со повеќе од убедливи 55. поени разлика.

АНГЕЛИ – ЕУРО НИКЕЛ   46:101

Работата им бее многу олесната во дуелот против последно палсираната екипа во Првата лига во која ги немаше странските кошаркари.  

Се беше јасно уште на полувремето. По 20.минити од играта Еуро Никел постигна по 27 поени во секоја четвртина вкупно 54 на одморот. Ангели закочија на бројката 24.

Кога стана јсно кој ќе победи, тренерот Горан Самарџиев одлучи да им даде одмор на своите носители на играта. А својата шанса одлично ја искористи Тодор Златев, кој освен што доби повеќе од 32.минути, реализираше висок дабл-дабл скор изразен со 17. поени и 15. скока.

По 11.кола, Еуро Ниел 2005 дојде на ефект од шест победи и пет порази, Ангели останува последен, без успех по првиот круг од натпреварите.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010          69:71

Ангели – Еуро Никел 2005        46:101

Работнички – Куманово 2009  во тек

Гостивар – Кожув во тек

23.12: МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП

Сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

23.12: ТФТ – Пелистер (МРТ)

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

ТАБЕЛА: Пелистер 20 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 18 (-1), Еуро Никел 2005 17, Феникс 2010 17, Работнички 16 (-1), Гостивар 15 (-1), Навико Академија ФМП 16 (-1), Кожув 15 (-1), , ТФТ 15 (-1), Куманово 13 (-1), МЗТ Скопје Уни Банка 12, Ангели 11;