17.12.2021

Дуелот од 16. часот, во сабота, во СЦ „Јане Сандански“ ќе го отвори колото во кое има две одложени средби

11. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 бара победа и против „помладиот“ клуб од Аеродром

Сензационално одекна во јавноста триумфот на дебитантот во друштвото на најдобрите против актуелниот бранител на титулата, минатата седмица.

А во сабота навечер, млдиот тим на Феникс 2010 ќе има можност да биде подобар и од „филијалата“ на клубот од Аеродром, екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Најава за меч во кој на теренот ќе истрчаат голем број на млади и талентирани кошаркари, и тоа на двете страни од игралиштето во нашиот најдобар спортски објект од затворен тип.

Еден час подоцна (17.00), последнопласираната екипа на табелата, Ангели, ќе се обиде да ја сопре серијата на победи на Еуро Никел 2005, и да стигне до својот прволигашки првенец.

Две средби ќе се играат со почеток од 18.часот. Првата е во СРЦ „Кале“ каде Работнички го пречекува видно изменетиот состав на Куманово во кој има неколку нови играчи, а и нов стручен тим, предводен од „повратникот“ Владимир Мирковски.

Доста интересно се очекува да биде и на втората која се игра во салата „Младост“ во Гостивар. Домаќините се во некој „кризен период“ и дефинитивно, ќе сакаат да излезат од истиот против екипата која пак има голем подем во играта и во резултатите – Кожув.

Поради обврските кои со себе ги носат во играњето во АБА 2 лигата, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, своите мечеви од ова 11. коло ќе ги одиграат на 23. декември.   

ТФТ ќе се обиде да стави крај на непобедливоста на Пелистер, додека пак  МЗТ Скопје Аеродром ќе (по) бара рехабилитација за киксот во минатото коло, на домашен терен против Навико Академија ФМП.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 11. КОЛО

САБОТА:

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010 (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

17.00: Ангели – Еуро Никел 2005

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

18.00: Работнички – Куманово 2009

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

18.00: Гостивар – Кожув

Сала „Младост“ - Гостивар

23.12: МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП

Сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

23.12: ТФТ – Пелистер (МРТ)

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

ТАБЕЛА: Пелистер 20, МЗТ Скопје Аеродром 18, Навико Академија ФМП 16, Работнички 16, Гостивар 15, Еуро Никел 2005 15, Кожув 15, Феникс 2010 15, ТФТ 15, Куманово 13, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Ангели 10;