16.01.2021

Младиот тим од Аеродром парираше само 10.минути, на крајот убедливи (78:62) за гостиварци.

11. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар му се врати на победувањето

Кошаркарите на Гостивар повторно победуваат. Во првиот меч одигран во 2021 година, екипата која ја предводи Марјан Србиноски стигна и до првиот првенствен успех. Во салата „Младост“. младиот тим на МЗТ Скопје Аеродром парираше само 10.минути, но ништо повеќе од тоа.

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА           78:62

Мошне изненадувачки делуваа оние (23:29) на истекот на првата четвртина на дуелот во Гостивар каде гостуваше екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Младите кошаркари од Аеродром во целост го изненадија домаќинот во уводниот период од играта, за што и беа наградени со водството од шест поени.

Но, тоа „траеше“ само 10. минути, затоа што во оние вторите, поискусните кошаркари од Гостивар успеаја да воспостават контрола, и вр играна, а со самото тоа и врз резултатот. Полека но сигурно „-сино-белите“ ја топеа негативата, и во 18. минута стигнаа до израмнување (37:37).

Но тука не застанаа...

До истекот на првото полувремето реализираа уште шест поени без одговор од противникот, па стигнаа до позитива од шест поени , каква што имаа гостите по првиот дел од играта (43:37).

Парцијално, втората четвртина Гостивар ја доби со убедливи (20:8).

Слично се одвиваа настаните и во третата четвртина. Период од играта во кој фаворитот продолжи да го „меле“ далеку понеискусниот противник. И да ја зголемува позитивата која по 30.минути од играта изнесуваше 15.поени, односно највисоки (68:53).   

Минути во кои новакот во Гостивар. Фрајдеј, делуваше непогрешливо. Го погоди сите шест обиди од игра, додека Костоски собра 20, а Јанески уште 11. поени.

Последните десет беа и најлошите на првито меч кој во 2021 година се одигра во салата „Младост“ во Гостивар.
Задоволни од високото водство кое го креираше Фрајдеј (72:53), домашните кошаркари како да ја „подигнаа рачната“, и веќе се префрлија на наредните предизвици во шампионатот. Доволно за младиот гостински состав, предводен од најефикасниот нивни кошаркар, Лука Савиќевиќ (22.поени) симне дел од високата негатива.