17.01.2021

Она што го пропуштија во дуелот со Пелистер, гевгеличани го поправиja со победа во Струга (76:58)

11. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кој чека-ќе дочека, победи и Кожув!

Долго време не играа, уште подолго ја чекаа првата победа. На крајот, „чекањето“ на кошаркарите на Кожув им се исплати.

Во петтиот обид стигнаа до првата прволигашка победа во оваа сезпна.

Беа подобри од Црн Дрим Грин мобиле, како гости во Струга, стигнаа до убедлив триумф.

ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – КОЖУВ 58:76

Силно почнаа домашните кошаркари. За една минута дадоа осум поени. Поведоа со (8:0), но гостите од Гевгелија брзо се вратија во игра. Од негатива (9:13), за три минути, и серија од (9-0). И осум поени кои дојдоа од искусниот Караџовски, прејдоа во водство (18:13), кое го задржаа до истекот на четвртината (21:16).

Стружани парираа во втората четвртина, но вистинската доминација на Кожув се покажа во третата. Одличната одбрана која на противникот му дозволи да уфрли само десет поени, го однесе Кожув на убедливи (59:44).

Во исто темпо гостите од Гевгелија продолжија и во последната. По новата тројка на Караџовски стигнаа до најубедливите (62:44).

Стана јасно дека стружани се немоќни да се доближат до тој скор на Кожув кој ја запиша првата првенствена победа во оваа сезона. Ист таков ефект, само еден триумф, имаат и стружани, но во девет одиграни натпревари

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11.КОЛО

Црн Дрим Грин мобиле – Кожув        58:76

ПОНЕДЕЛНИК:

17.00: Куманово 2009 – Вардар         стреам

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ

Академија ФМП – Работнички            75:69

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром     88:85

Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка      78:62

Еуро Никел 2005 – ТФТ   79:86