15.01.2021

Голема победа на Академија ФМП против уште поголемиот противник (75:69)

11. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пантерите“ знаат како треба со Работнички!

Екипите на Академија ФМП и на Работнички го отворија 11.коло од Првата лига, или првото во 2021 година.

Одиграа под очекувањата, особено во фазата на нападот, за што сведоши и малиот број на постигнати поени на двете страни.

На крајот, на победата и се радуваа кошаркарите на Академија ФМП.

АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ     75:69

Доста неефикасно прво полувреме одиграа двата градски ривали. Ако по првата четвртина поентерски се одвои Крстајиќ, кој реализираше 15. од вкупно 24.поени на домашната екипа, во втората, на сивилото кое го имаа гостите, им се придружија и домашните кошаркари.

Двоцифрената предност која ја имаа по 10.минути од играта (24:14), „пантерите“ почнаа обилно да ја трошат. Иако не беше поставена како што треба, зонската одбрана на Работнички сепак „делуваше“ врз играта на противникот. Кога беше запрен најефикасниот играч на теренот (даде само еден поен во вториот период), беше доста полесно за Работнички.

Тројката на Ефремоски, а во следниот напад и на искусниот Балмазовиќ ги доближи гостите на само „пола кош“. Неефикасното прво полувреме заврши со минимално водство на Академија ФМП од (35:34).

Минути во кои домашата екипа шутираше со само 41% од поле, гостинската беше уште полоша во тој сегмент – 38%. Академија ФМП имаше мала скокачка предност, а гостите mногу повеќе изведени слободни фрлања (14 спрема 5).

По четири минути игра во продолжението, Работнички успеа да изедначи (39:39). Но следуваше серија од (11-0) за Академија ФМП со која домаќините поведоа со двоцифрени (50:39). Но и тие брзо ги „потрошија“, повеќе од половината. До истекот на третата четвртина, во нецели три минути, Работнички стигна до достижни (50:54).

Истата разлика (67:63) беше на 1:51 минута пред крајот, по тројката на Балмазовиќ. Но екипата домаќин возврати преку Темелковски, прво за (70:63), а потоа и (71:66) откако во меѓувреме за три поени погоди Николовски за гостите.

Темелковски остана на истата позиција, на линијата за слободни фрлања, макар и половичен, донесе (72:66). На другата страна, серијата на тројки ја продолжи Ефремоски, за (72:69).

Своето одлично издание, со два „пенали“, за 30.поени го комплетираше Крстајиќ, за (74:69), кои Младеновиќ, од истата позиција, не успеа да ги симне на достижни за голема победа за Академија ФМП против уште поголемиот ривал.

Победија и во ланскиот шампионат, победија и сега, за петта победа во осум одиграни мечеви досега, додека пак Работнички го забележа вториот пораз во ампионатот, кој ќе го стават во „мирување“ ако се знае дека на почетокот на следната седмица ќе го играат вториот „балон“ од АБА 2 лигата во Бања Лука