Кошаркарите на Работнишки брзо се рехабилитираа, поточно кажано консолидираа, макар и резултатски, по проблемите со кои се соочија во изминатите денови.
„Жртва“ на тимот (комплетен) кој го предводи Тони Симиќ од клупата беше екипата на Куманово 2009.
РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО 2009 97:81
Две одлично одработени четвртини, втората и третата беа доволно за „црвено-белите“ да заборават на проблемите со кои се соочија во последно време.
По почетната предност на Куманово 2009 во првата четвртина (21:17), Работнички најави, и реализира вистински играчки и резултатски пресврт. До крајот на полувремето поведоа со (40:37), а финалниот удар на противникот му го зададоа се случи во третата четвртина. Реализираа дуро 31.поен домашните кошаркари, примија само 13, со што го решија прашањето на победникот.
Враќањето на Пол и Мустафица веднаш беше забележливо во играта на најтрофејниот наш кошаркарски колектив. Босанецот даде 24 поени, а Американецот еден помалку...
Капитенот Марковски заврши со 14, а Лосиер со десет поени.
Во екипата на Куманово 2009, новакот Абром постигна 19.поени, Мексвејн 14, а Зивчевиќ и Глигоријевиќ постигнаа по 12.поени.
*Екипата на Гостивар им се врати на победите со убедлив триумф против гевгелиски Кожув.
Гостиварци ја имаа контролата над играта и над резултатот во текот на сите 40.минути.
ГОСТИВАР – КОЖУВ 97:68
Особено силно одиграа во третиот период во кој и ја стекнаа решавачката предност. По релативно израмнетата прва чеѕвртина (24:22), во продолжението од играта домаќинот сепак се стекна со двоцифрена позитива, имаше (45:35).
Се беше решено во треата четвртина, кога се случи поентерска експлозија реализирана од страна на домашните кошаркарки. Во тој период „сино-белите“ реализираа дури 33.поени, примија скоро двојно помалку-17.
И повеќе од доволно да стават крја на лошиот период исполнет со порази.
Комплетната прва петорка која ја извади на теренот тренерот Александар Јончевски, даде десет или повеќе поени. Најмногу 28, запиша искусниот Тодоровиќ, Ворку имаше 16, а Ефремовски и Дејли по 15.
Кај Кожув, Симоновски и Николовски искомбиниираа вкупно 30.поени, Вилијамс додаде само уште десет.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11. КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010 69:71
Ангели – Еуро Никел 2005 46:101
Работнички – Куманово 2009 97:81
Гостивар – Кожув 97:68
23.12: МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП
Сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
23.12: ТФТ – Пелистер (МРТ)
Сала СРЦ „Кале“ - Скопје
ТАБЕЛА: Пелистер 20 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 18 (-1), Работнички 18, Еуро Никел 2005 17, Феникс 2010 17, Гостивар 17, Навико Академија ФМП 16 (-1), Кожув 16, ТФТ 15 (-1), Куманово 14, МЗТ Скопје Уни Банка 12, Ангели 11;