27.12.2021

Баскет Кам 20011 наиде на сериозен отпор на гостувањето во Аеродром, но стигна до планираните бодови со победа од (73:65)

11. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Фаворитите без грешка

ФОТО: Кошаркарките на Вардар славеа убедлива победа во дуелот со Крива Паланка

Календарската 2021 година кошаркарките на Бадел 1862 ја завршуваат како непобедливи. И по 11. коло, актуелниот вицешампион го задржа максималниот ефект. Во последното коло од оваа година, „баделки“ славеа нов, убедлив триумф (93:61), на гостувањето кај Работнички.

Многу потешка победа реализираше актуелниот бранител на титулата. Кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигна до победата против МЗТ Скопје Аеродром, но многу потешко од очекувањата (73:65), па сезоната ја завршуваат со ефект (9-2). Ист како што има и екипата на Вардар, која во овој круг од натпреварите лесно ја совлада младата екипа на Крива Паланка (86:65).

Приклучок со водечките држи и екипата на Струга 2009 која делуваше убедливо во мечот против кавадаречки Пробаскет (69:48).

Следното првенствено коло во Првата лига-жени ќе се одигра на 22.јануари, 2022 година

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Струга 2009 – Пробаскет           69:48

Работнички – Бадел 1862         61:93

Вардар – Крива Паланка           86:65

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   65:73

ТАБЕЛА:Бадел 1862 22, Баскет Кам 2011 20, Вардар 20, Струга 2009 18, Крива Паланка 15, Работнички 13, МЗТ Скопје Аеродром 13, Пробаскет 11;

ИДНО КОЛО (22.01.2022)

Пробаскет – Работнички

Крива Паланка – Струга 2009

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром

Баскет Кам 2011 - Вардар

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Гостивар – Тим Арена     55:57

Куманово – Шкупи          35:51

Гризли – Патриот 2016   55:42

Мега Баскет – слободен

Трокал – слободен

25.12: Трокал - Риниа

ТАБЕЛА:Трокал 14, Патриот 2016 14, Гризли 14, Шкупи 13, Гостивар 2009 12, Тим Арена 12, ЖКК Куманово 2020 10, Мега Баскет 8, Риниа 7;

ИДНО КОЛО (29.01.2022)

Тим Арена – Риниа

Трокал – Мега Баскет

Гризли – Шкупи

Куманово - Гостивар

Патриот 2016 - слободен