23.02.2021

Десет победи, и еден пораз, има и екипата на Чаир 2030, која доминира на Западот

11. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Ангели максимално, стигна до „десетката“

Полека, но сигурно, второлигашите се вратија во еден, би се рекло „нормален колосек“. Пред се на одигрување на редовните кола, а во меѓувреме беа одиграни и голем број на заостанатите натпревари.

А во изминатиот период, продолжи доминацијата на екипата на Ангели, кој во 11. рунда од натпреварите беа подобри од Струмица. На свој терен славеа со сигурни (80:63), со кои го сочуваа ореолот на непобедливи.

А истиот епитет, но на Западот, важи и за екипата на Чаир 2030. Чаирчани туркаат една по една пречка, и се усмерија кон првата позиција на табелата.

Славеа убедлива победа на гостувањето, против Мега Баскет од (95:59), за ефект од десет победи и еден пораз. И два големи бода предност во однос на пратителот, екипата на ГКК Охрид кој има ефект (8-3) по многу важниот триумф над Хераклеа (74:67), на гостински терне во Битола.

Во меѓувреме, ќе  се одиграат и последните два заостанати натпревари, со кои ќе бидат комплетирани сите 11. кола од групата „Исток“ во Втората лига.  

Утре, од 19.часот, во Македонска Каменица, екипата на Баскет КАМ ќе игра со лидерот на истокот, Ангели, додека пак ден подоцна, на 25. февруари, од 16.30 часот, Феникс 2010 во салата „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Маџари, го пречекува составот на Струмица.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

ИСТОК

Шкупи – Феникс 2010     83:71

Борец баскет - Ролинг 08          105:56

Про Баскет - МКК Куманово     78:102

Куманово 2 – Баскет КАМ         36:79

Ангели – Струмица          80:63

ТАБЕЛА: Ангели 20 (-1), Шкупи 19, Феникс 2010 18 (-1), Борец Баскет 18, МКК Куманово 17, Баскет КАМ 16 (-1), Струмица 14 (-1), Куманово-2 13, Про Баскет 13, Ролинг 08 11;

ИДНО КОЛО (27.02)

Феникс 2010 – Ангели

Струмица – Куманово 2

Баскет КАМ – Борец Баскет

Ролинг 08 –Про Баскет

МКК Куманово – Шкупи

ЗАПАД

Спарта - Спорт Тим          93:60

Хераклеа – ГКК Охрид    67:74

Мега Баскет – Чаир 2030           59:95

Риниа - Пелистер Медика Карта         72:74

Партизан Водно Санс - Тетекс ТТК     78:64

ТАБЕЛА: Чаир 2030 21, ГКК Охрид 19, Хераклеа 19, Партизан Водно Санс 18, Тетекс ТТК 17, Пелистер Медика Карта 16, Риниа 15, Мега Баскет 15, Спарта 14, Спорт Тим 11;

ИДНО КОЛО (27.02)

Спорт Тим – Партизан Водно Санс

Тетекс ТТК – Мега Баскет

Чаир 2030 – Риниа

Пелистер Медика Карта – Хераклеа

ГКК Охрид – Спарта