20.12.2021

Чаир 2030 беше за малку подобар од Шкупи (89:84), Соколи 1933 во чекор ги следат чаирчани...

11. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: „Дербито на Чаир“ за лидерот

ФОТО: Кошаркарите на Чаир 203 ја завршија полусезоната со само еден пораз во 11.одиграни кола 

Екипата на Чаир 2030 е есенски првак во натпреварите од Втората лига. Го потврдија тоа момците кои од клупата ги предводи Ерхан Рамадан со победа во „дербито на Чаир“. За крај на првиот дел од сезоната славеа победа над Шкупи (89:84), за нив 10. во 11. одиграни кола. Доволно да презимат на првата позиција која носи и најлесен ривал во плеј-офот кој следува по одигрувањето на уште 11. рунди.

На чекор до резултатот на Чаир 2030 се кошаркарите на Соколи 1933. Штипјани стигнаа до својата деветта победа на гостувањето во Струга каде беа подобри од довчерашниот прволигаш, Црн Дрим (101:84).

Полусезоната ја завршуваат со ефект (9-2), кој е нешто повисок во однос на оној кој го има екипата на Вардар.

„Вардарци“ освоија важни бодови на гостувањето кај Охрид каде беа подобри од својот противник за еден поен (84:83).  

Наредното, 12. коло ќе се игра наредната година, на 29. јануари.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Хераклеа – Борец Баскет           72:86

Чаир 2030 – Шкупи          89:84

Тетекс ТТК – Струмица   69:77

Баскет Кам – Партизан Водно Санс   91:72

Охрид – Вардар    83:84

Црн Дрим – Соколи 1933          84:101

ТАБЕЛА: Чаир 2003 21, Соколи 1933 20, Вардар 19, Баскет Кам 17, Шкупи 17, Струмица 17, Борец Баскет 16, Партизан Водно Санс 16, ГКК Охрид 15, Тетекс ТТК 14, Црн Дрим 13, Хераклеа 13;  

ИДНО КОЛО (29.01.2022)

Чаир 2030 – Хераклеа

Тетекс ТТК – Вардар

Баскет КАМ – Соколи 1933

Охрид – Шкупи

Партизан Водно Санс – Борец Баскет

Црн Дрим - Струмица