24.02.2020

11. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: Црн Дрим „исплива“ на првото место на Западот

Стружани славеа убедливо на гостувањето во Неготино (90:62), и го искористија киксот на лидерот Партизан Водно Санс за да стигнат на делба на првата позиција...

 

Големи промени на табелата донесе 11. коло во западната конференција. Ги направи победата на Црн Дрим против Спорт Тим, повеќе од убедлива (90:62), а особено поразот на досега лидерската екипа Партизан Водно Санс во Битола.

Хераклеа беше за три поени подобра од скопските „црно-бели“ (76:73), кои сега имаат два порази.

Исто како екипата од Струга, но и уште еден состав од Скопје – Ангели.

Екипата од Драчево во овој круг од натпреварите славеше на гостувањето кај Чаир 2030 (85:72), со која ја потврди амбициите за највисок пласман. Со натпревар помалку, сега се на ефект (7-2).

И тука некаде се загвора кругот на екипите кои ќе се борат за првата позиција на табелата на Западот.

А доста слична е ситуацијата на Истокот...

Со забелешка дека екипата на ТФТ сеуште е во предност од една победа пред Струмица и Феникс 2010.

Во ова коло, лидерот славеше убедлива победа против МКК Куманово (102:60) за ефект (9-1), додека пак се подобрите струмичани без проблеми го победија Борец Баскет (81:57), доволно за скор (8-2) и второ место во поредокот на екипите од источната конференција, каде се појасно е дека токму овој „трилинг“ ќе решава за тоа кој од следната сезона ќе игра во Првата лига.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

ТФТ – МКК Куманово  102:60

Струмица – Борец Баскет       81:57

Спарта – Шкупи  107:102

Баскет КАМ – Риниа     25.02

Феникс 2010 - слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 19, Струмица 18, Феникс 2010 16, Борец Баскет 14, Шкупи 14, Спарта 13, МКК Куманово 13, Баскет КАМ 12 (-1), Риниа 10 (-1);

ИДНО КОЛО (27.02)

Риниа – Спарта

Шкупи – Струмица

Борец Баскет – ТФТ

МКК Куманово – Феникс 2010

Баскет КАМ - слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Хераклеа - Партизан ВС          76:73

Спорт Тим – Црн Дрим             62:90

Тетекс ТТК – Мега Баскет      81:65

Чаир 2030 – Ангели      72:85

Албес - слободен

ТАБЕЛА: Црн Дрим 18, Партизан ВС 18, Ангели 16, Тетекс ТТК 15, Хераклеа 15, Мега Баскет 15, Чаир 2030 14, Спорт Тим 11, Албес 10;

ИДНО КОЛО (27.02)

Ангели – Тетекс ТТК

Мега Баскет – Спорт Тим

Црн Дрим – Партизан ВС

Хераклеа – Албес

Чаир 2030 - слободен