18.01.2021

Во последниот меч од овој круг на натпреварите, екипата на Куманово 2009 го победи Вардар (95:86)

11.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Едно полувреме доволно за кумановци да го поминат Вардар

Првобитно, овој натпревар требаше да се игра во салата на Економското училиште„Перо Наков“ во Куманово. Но, поради проблеми со паркетот, двете екипи се договорија да го сменат домаќинството, па оваа средба се одигра во салата на КК „Вардар“ во Скопје.

Но тоа не им посмета на кошаркарите од Куманово 2009 да стигнат до триумфот.

ВАРДАР – КУМАНОВО 2009     86:95

Водството од (10:4) на Куманово, по нецели три минути од играта, го натера домашниот тренер на тајм-аут. Продолжија „вардарци“ доста поангажирано и пред се, ефикасно. До крајот на првата четвртина, стигнаа и до минимална предност (23:22).

Доста израмнето се играше во вториот дел од мечот.Ниту една од двете екипи не направи некоја поголема разлика. Од негатива од три поени (31:34), со серијата (11-3), во 16.минута, „црвено-црните“дојдоа до највисоката позитива, пет поени (42:37).

А со два помалку (49:46), го затворија првото полувреме.

Или 20.минути во кои кај Вардар одлично функционираше двоецот Диксон-Провел, кои искомбинираа 33.поени. Додека на другата страна, „двоцифрен“ број на поени додоа Ливингстон (11), и Зивчевиќ (10).

Во продолжение на натпреварот, многу подобра игра на гостите од Куманово. „Сино-белите“ направија комплетен резултатски пресврт во третиот период.

Го добија со двоцифрени (25:14), дојдоа до позитива од осум поени (71:63) со која влегоа во последниот дел од дуелот „Под Кале“. Период во окој имаа и плус од 11.поени (82:71) во 35.минута. Разлика која Вардр скоро ја достигна за нецели 120 секунди (78:82). Но Рос, со помош на Робев, кој беше „мирен“ од линијата за слободни фрлања, го одбија тој напад на домаќините.

По поените на Марковски, во последната минута, кумановци стигнаа до ново двоцифрено водство (92:82) и победа. За нив четвртта во само шест одиграни мечеви во досегашниот дел од сезоната.

Вардар останува на една победа, сега и седум порази во осум одиграни мечеви.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО

Куманово 2009 – Вардар           86:95

Црн Дрим Грин мобиле – Кожув        58:76

Академија ФМП – Работнички            75:69

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром     88:85

Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка      78:62

Еуро Никел 2005 – ТФТ   79:86

ТАБЕЛА: Пелистер 16 (-3), Академија ФМП 13 (-3), ТФТ 12 (-4), Работнички 12 (-4), Еуро Никел 2005 11 (-4), Гостивар 11 (-4), Куманово 2009 10 (-5), Црн Дрим Грин Мобиле 10 (-2), МЗТ Скопје Аеродром 9 (-5), Вардар 9 (-3), Кожув 6 (-6), МЗТ Скопје Уни Банка 7 (-5)