23.12.2021

Шампионот слави сигурен триумф против Навико Академија ФМП (96:70) за второ место на табелата по крајот на првиот круг од првенството

11.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје брзо се рехабилитираше, држи чекор со Пелистер

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја задржаа онаа победничка форма која трае уште од нивниот престој во Сараево каде во „балонот’ на АБА 2 лигата врзаа три победи. Се префрлија на домашните обврски кошаркаеите од Аеродром, а вечерва пред нив падна одличниот состав на Навико Академија ФМП.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП              96:70

Откако беше релативно израмнето во првата четвртина (22:18), „металците“ притиснаа во втората, Заличеа на екипата која напрваи три победи минатата седмица на „балонот“ во Сараево. За десет минути, постигнаа дури 30.поени. На противникот му дадоа само 19, па на одморот фаворитот веќе имаше убедливо водство (52:37).

Репрезентативниот двоец Крстевски-Стојановски ја диктираше играта во нападот (двајцата по 15.реализации, а многу брзо во второто полувреме, бројката од десет или повеќе поени во домашната екипа ја надминаа Дејвис и Мекиќ.

Интересно, дури седуммина кошаркари на домашната екипа до крајот на третиот период во кој поведоа и со (78:54), постигнаа најмалку по една тројка (вкупно 10 од 18 обиди). А кога е така, на противниците им е навистина тешко да се вратат во игра за некој подобар резултат.

Доволно за 9.победа во 11.одиграни мечеи и второ место по првиот „пресек“ во првенството. Навико Академија ФМП останува на бројот 4 на табелата, со ефект (7-4).

 ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010          69:71

Ангели – Еуро Никел 2005        46:101

Работнички – Куманово 2009  97:81

Гостивар – Кожув 97:68

ТФТ – Пелистер               71:74

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП         96:70

ТАБЕЛА: Пелистер 22, МЗТ Скопје Аеродром 20, Работнички 18, Навико Академија ФМП 18, Еуро Никел 2005 17, Феникс 2010 17, Гостивар 17, , Кожув 16, ТФТ 16, Куманово 14, МЗТ Скопје Уни Банка 12, Ангели 11;

ИДНО КОЛО (25/26/27.12)

25.12: Ангели - Куманово 2009

25.12: Работнички - МЗТ Скопје Уни Банка

25.12: Гостивар - Еуро Никел 2005

26.12: Навико Академија ФМП - Феникс 2010

26.12: ТФТ - Кожув

27.12: МЗТ Скопје Аеродром - Пелистер