23.12.2021

Битолчани имаа постојано водство на средбата во „Кале“ на крајот (74:71) за 11. по ред победа во првенството

11.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Пелистерци“ не блескаа, но некако го поминаа и ТФТ

Во претпоследниот меч од последното коло од првиот дел на Првата лига, ТФТ и Пелистер одиграа еден доста изеднаќен натпревар. Иако гостите од Битола беа во постојано водство цели 35.минути, за момнт дозволија противникот да поведе. Но не и да победи.

„Зелено-белите“ ги однесоа бодовите од „Кале“.  

ТФТ – ПЕЛИСТЕР              71:74

Лидерот во првенството беше подобра екипа во првото полувреме. „Пелустерци“ не блескаа, но затоа пак го имаа постојаното водството на својата страна На крајот, по 20.минути игра, имаа плус од шест поени (39:33).

Во продолжението уште поизедначен натпревар. Битолчани продолжија да ја бранат таа позитива, со релативно добар успех. Ги одбија нападите на ТФТ и во третата четвртина. Ја задржија предноста од полувремето, откако двете екипи си поделија по 20.поени, резултатот беше (59:53) во корист на првопласираната екипа во шампионатот.

Ништо не се промени ниту во последната делница од играта. ТФТ направи уште поголем притисок. Стигнаа домаќините и до еден поен негатива. По три и пол минути игра и серијата (9-2) за ТФТ, беше само (62:63) за Пелистер.

Не се задоволија со тоа момците на тренерот Боро Смилковски. Па по поените на одличниот Сапунџиев, преминаа во водство (64:63). И го натераа тренерот на гостите Марјан Илиевски на тајм-аут кога останаа да се доиграат 5:26 минути.

Тоа им донесе резултат на гостите, кои во наредните два напади, преку Малешевиќ и Трајковски ја вратија предноста на своја страна (67:64), по што и Смилковски мораше да потроши една минута за советување. Бродвеј донесе израмнување (67:67), Хортон погоди за (69:69). Но Малешевиќ со својот 17.поен го приближи Пелистер кон победата која ја потврдија, макар и преку линијата за слободни фрлања, Кесар и Младеновиќ.

Четворица домашни кошаркари имаа двоен број на поени, најмноги 15 – Ташовски, еден помалку Бродвеј. Покрај Малешевиќ, двоцифрени кај победникот беа уште и Кесар и Ѓуроски кои постигнаа по 11.поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010          69:71

Ангели – Еуро Никел 2005        46:101

Работнички – Куманово 2009  97:81

Гостивар – Кожув 97:68

ТФТ – Пелистер               71:74

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП         во тек

ТАБЕЛА: Пелистер 22, МЗТ Скопје Аеродром 18 (-1), Работнички 18, Еуро Никел 2005 17, Феникс 2010 17, Гостивар 17, Навико Академија ФМП 16 (-1), Кожув 16, ТФТ 16, Куманово 14, МЗТ Скопје Уни Банка 12, Ангели 11;