Најавија дека не се подготвени за уште еден пораз на домапен терен, тоа кошаркарите на Еуро Никел 2005 го потврдија на теренот во дуелот со екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.
Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Уни Банка 90:79
Беа доминанти далеку поискусните кошаркари во кавадаречкиот состав. Ја поништија онаа „граница во години“ на најдобар можен начин.
На своите помлади противници им дозволија да дадат 10 поени во првата, и 12. поени во втората четвртина од дуелот во Кавадарци кој од самиот почеток се претвори во „едносмерна улица“.
На теренот како да постоеше само една екипа – Еуро Никел 2005.
Мијатовиќ (14.поени) и Соколов (9.поени), имаа повеќе реализации во првото полувреме од комплетниот гостински тим во кој репрезентативецот Тодоровски собра осум. поени. Што доволно говори за односот на силите на паркетот во „Јасмин“ во првото полувреме кое Еуро Никел 2005 го реши со убедлив плус од 19.поени, (41:22).
Иако имаа многу поени „вишок“, кавадарчани не попуштија во вториот дел, напротив. Успеаја и да го зголемат, да ја надминат позитивата од 20.поени. Како на пример во 25.минута кога резултатот беше (52:29), нешто потоа и (55:33), по што тренерот Самарџиев им даде шанса и на најмладите во екипата, како Златев, Митков, Велјановски, потоа и Коцев.
Тоа не се почувствува во играта на кавадарчани кои до истекот на третиот дел имаа и највисоки (67:40). Па оној последниот во некоја рака се претвори во некој меч од младинските лиги, за кошаркари „Под 20“ години, кој го добија гостите од Скопје, доволно за поразот да биде поднослив.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО
Еуро Никел 2005 –МЗТ Скопје Уни Банка 90:79
НЕДЕЛА:
16.00: Црн Дрим Грин Мобиле – Вардар
Сала на СЦ „Тими“ – Струга
17.00: Куманово 2009 – ТФТ
Сала на Економско училиште „Перо Наков“ - Куманово
18.00: Гостивар - Академија ФМП
Сала „Младост“ – Гостивар
18.30: Пелистер – Кожув
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички одложено