24.01.2022

Баскет Кам 2011 влезе со големо засилување во 2022 година, и го победи Вардар (72:59)

12. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Голема вест за шампионот, Јелена Антиќ се врати на теренот

По еден месец одмор, овој викенд продолжија и возбудувањата во Првата лига-жени. Се одигра 12. коло, кое го одбележа враќањето на кошаркарските терени на Јелена Антиќ.

Ако во досегашниот дел од сезоната беше во улога на прв тренер, од пред неколку дена, Антиќ е активна и на теренот. Ги запиша своите први играчки минути како дел од шампионскиот тим од Македонска Каменица.

Одлична вест за екипата која ги брани двата трофеи во македонската женска кошарка. Тоа беше „евидентирано“ и со победа во дуелот против екипата на Вардар (72:59). Доволно на две кола пред крајот на регуларниот дел да се одвои од „вардарки“ на втората позиција на табелата.

Онаа првата е резервирана за нивниот, се чини и најголем конкурент во трката за пехарите, екипата на Бадел 1862.

Потешко од предвидувањата, „баделки“ беа подобри од составот на МЗТ Скопје Аеродром (71:64), за време на паузата, засилен со неколку домашни, но и странски кошаркарки.   

Младиот тим на Крива Паланка излезе како победник во натпреварот со Струга 2009 (75:67) и се доближи до позицијата број 4 на која во овој момент се стружанки.

По подолга пауза победи и екипата на Пробаскет, на домашен терен во Кавадарци, против ослабениот состав на скопски Работнички (78:63).

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Пробаскет – Работнички           78:63

Крива Паланка – Струга 2009  75:67

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром 71:64

Баскет Кам 2011 – Вардар        72:59

ТАБЕЛА: Бадел 1862 24, Баскет Кам 2011 22, Вардар 21, Струга 2009 19, Крива Паланка 17, Работнички 14, МЗТ Скопје Аеродром 14, Пробаскет 13;

ИДНО КОЛО (29.01.2022)

Крива Паланка – Пробаскет

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Струга 2009 – Кам Баскет 2011

Вардар – Бадел 1862