01.03.2021

Нема веќе непоразени екипи во Втората лига откако лидерот на Истокот загуби на гостувањето во Маџари (76:83)

12. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 му го нанесе првиот пораз на Ангели

По одигрувањето на 12. коло, нема повеќе непоразени екипи во Втората лига.

Екипата на Ангели, која досега беше со ореолот на непобедлива, загуби на гостински терен од младиот тим на Феникс 2010 со резултат (76:83).

Голема победа за „фениксовци“, ако се земе в предвид дека со овие два бода и скор (10-2) сега се само на еден чекор зад лидерот на Истокот кој има ефект (11-1).

Блиску до врвот се и кошаркарите на Шкупи кои во ова коло стигнаа до мошне важен триумф во Куманово. Тимот кој го предводи Михаил Наумовски го победи МКК Куманово со (75:68), па со ефект (8-3) е на третата позиција.

Важна победа реализираа и кошаркарите на КАМ Баскет. Во директен дуел кој го дава носителот на позицијата 4, последната која води во доигрувањето, го совладаа велешки Борец Баскет со (66:49).

Па во евентуално „порамнување“ на истекот на регуларниот дел, односно исто бодовно салдо, тимот од Македонска Каменица ќе биде пред оној од Велес.

На Западот, уште една, би се рекло рутинерска победа на екипата на Чаир 2030, кој без проблеми ја победи Риниа (84:64), за одличен ефект (11-1) со кој сега се израмнија со оној на Ангели.

Лесно до двата бода стигнаа и кошаркарите на ГКК Охрид, против скопска Спарта (91:76) доволна за задржување на позицијата 2 во оваа група.

Ист учинок (9-3) по 12.кола има и битолска Хераклеа.

Искуството бепе пресудно за Хераклеа да му нанесе убедлив пораз на составот на Пелистер Медика карта (90:65), што е нивна деветта победа во сезоната.

На четвртата позиција, засега барем, е екипата на Партизан Водно Санс која во ова коло без проблеми помина на гостувањето во Неготино каде беше многу подобра од Спорт тим (112:63). За ефект од 8.победи и 4. порази со кои „црно-белите“ држат приклучок со водечката тројка.  

РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО

ИСТОК 

Баскет КАМ – Борец Баскет      66:49

Ролинг-08 – Про Баскет  74:66

Феникс 2010 – Ангели    83:76

Струмица – Куманово 2 80:69

МКК Куманово – Шкупи 68:75

ТАБЕЛА: Ангели 23, Феникс 2010 22, Шкупи 21, Баскет КАМ 19, Борец Баскет 19, МКК Куманово 18, Струмица 17, Куманово-2 14, Про Баскет 14, Ролинг-08 13;

ИДНО КОЛО (06.03)

МКК Куманово – Феникс 2010

Шкупи – Ролинг 08

Прто баскет – Баскет КАМ

Борец Баскет – Струмица

Куманово 2 – Ангели

ЗАПАД

ГКК Охрид – Спарта         91:76

Спорт тим – Партизан Водно Санс     51:99

Тетекс ТТК – Мега Баскет           112:63

Чаир 2030 – Риниа           84:64

Пелистер Медика Карта – Хераклеа 65:90

ТАБЕЛА: Чаир 2030 23, ГКК Охрид 21, Хераклеа 21, Партизан Водно Санс 20, Тетекс ТТК 19, Пелистер Медика карта 17, Риниа 16, Мега баскет 16, Спарта 15, Спорт Тим 12;

ИДНО КОЛО (06.03)

ГКК Охрид – Спорт Тим

Спарта – Пелистер Медика карта

Хераклеа – Чаир 2030

Риниа – Тетекс ТТК

Мега Баскет - Партизан Водно Санс