02.03.2020

12. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: ТФТ го „преживеа“ Велес, Ангели го стигнаа Партизан ВС...

Мошне возбудливо беше во овој круг од натпреварите во двете конференции, особено на средбата во Велес, каде лидерот на Истокот, екипата на ТФТ со тешка мака го совлада Борец Баскет со (77:74).

 

Скопските „црно-бели“ ја сочуваа позицијата број 1 во источната конференција од Втората лига. Има доста мака да го совладаа упорниот тим на Борец Баскет. И буквално во последната минута од средбата во Велес, стигнаа до триумфот (77:74) кој ги остави на најдобрата позиција.

На неа и понатаму атакуваат две екипи, Струмица, која во ова коло победа на гостински терен кај Шкупи (73:66), и Феникс 2010 кој вечерва гостуваше во Куманово и славеше убедлива победа од (73:56), доволна за ефект (8-2).

Многу изедначена стана ситуацијата на Западот, особено по двоцифрениот триумф на Црн Дрим во дерби дуелот во Струга против еден од конкурентите, Партизан Водно Санс (82:71).

По 12.одиграни кола стружани се позиционираа на првото место. Имаат ефект од девет победи и два порази. Исто толку неуспешни игри но со еден натпревар помалку, има и Ангели. Екипата која во овој круг ја реализира убедливата победа против Тетекс ТТК (85:48).

Уште поубедлив беше триумфот на Мега Баскет против Спорт тим (111:57), додека во серија од четири победи е битолска Хераклеа, која беше поуспешна од Албес (82:68).  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО

Риниа – Спарта   70:82

Шкупи – Струмица        66:73

Борец Баскет – ТФТ      74:77

МКК Куманово – Феникс 2010        56:73

Баскет КАМ - слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 21, Струмица 20, Феникс 2010 18, Спарта 15, Борец Баскет 15, Шкупи 15, Баскет КАМ 14, МКК Куманово 14, Риниа 12 ;

ИДНО КОЛО (07.03)

Феникс 2010 – Борец Баскет

ТФТ – Шкупи

Струмица – Риниа

Спарта – Баскет КАМ

МКК Куманово - слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Ангели – Тетекс ТТК     85:48

Мега Баскет – Спорт Тим       111:57

Црн Дрим – Партизан ВС       82:71

Хераклеа – Албес            82:68

Чаир 2030 - слободен

ТАБЕЛА: Црн Дрим 20, Партизан ВС 19, Ангели 18, , Хераклеа 17, Мега Баскет 17, Тетекс ТТК 16, Чаир 2030 14, Спорт Тим 12, Албес 11;

ИДНО КОЛО (07.03)

Албес – Црн Дрим

Партизан ВС – Мега Баскет

Спорт Тим – Ангели

Тетекс ТТК – Чаир 2030

Хераклеа - слободен