24.01.2021

Во дуелот на екипите кои најдобро се познаваат, екипата од Тафталиџе сигурна и против Куманово (94:88)

12. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: И Куманово не е конкурент на ТФТ

ТФТ е во налет, ТФТ е во серија на одлични игри и победи. „Црно-белите“ од Тафталиџе стигнаа до уште еден триумф со кој потврдија дека оној претходниот, против екипата на Пелистер, никако не бил плод на случајност.

Апсолутно, ТФТ го надигра Куманово како гостин, стигна до седмата победа во девет одиграни кола.

КУМАНОВО – ТФТ 88:94

Во Куманово, први „потегнаа“ кошаркарите на ТФТ. Во деветтата минута од играта, гостите поведоа со највисоките, (23:16), и го натераа новиот тренер на Куманово, Игор Ѓорѓиевски, да побара тајм-аут.

Интересно, иако и двете екипи важат како шутерски, во уводната четвртина не упатија многу удари зад линијата од 6.75 метри (кумановци само два).

Првата ја погоди Марковски, за приближување на Куманово на (20:23) на крајот на четвртината. Серијата на домашната екипа продолжи. Со нови пет поени, доволно за превземање на водството (25:23). Но со серија од седум неодговорени поени, „црно-белите“ одново се одвоија, сега на (30:25). Но и тоа траеше кратко, затоа што по тројката на Ливингстон, беше нерешено (30:30).

Така беше се до моментот кога се разигра најдобриот играч на ТФТ. Тај Херис доминираше во вториот дел од втората четвртина во кој искреира сосема солидна предност од (48:40) со која се замина на одмор. Реализираше 13.поени, со висок процент на реализација, и беше единствениот играч со двоен број на поени во двете екипи.

Во продолжението тотално изедначен меч во кој екипата која важи за најпријатно изненадување во Првата лига, го оддржуваше тоа водство кое одеше кон двоцифрено.

По три четвртини, гостите и понатаму водеа со сосема солидни (73:64). А по серијата од (8-2) за нецели четири минути играње во последната, за резултат (81:64) и дефинитивно стана јасно дека Куманово не може да му парира на ТФТ. Макар што во финалните минути „сино-белите“ се доближија и до (85:88) на 19.секундк пред крајот. Но остана премалку време за да ја достигнат таа висока негатива.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобиле – Вардар     68:81

Куманово 2009 – ТФТ      88:94

18.00: Гостивар - Академија ФМП     во тек

Сала „Младост“ – Гостивар

18.30: Пелистер – Кожув           во тек

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ПРЕТХОДНО ОДИГРАН НАТПРЕВАР

Еуро Никел 2005 –МЗТ Скопје Уни Банка    90:79

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            одложено