24.01.2021

„Црвено-црните“ беа подобар ривал од Црн Дрим Грин Мобиле, славеа со (81:68), за втора победа во сезоната

12. КОЛО ПРВА ЛИГА-МАЖИ: И Вардар ги однесе бодовите од Струга

Една од двете екипи мораше да дојде до втората победа во Првата лига. На крајот, Вардар излезе како победник на гостувањето во Струга против екипата на Црн Дрим Грин Мобиле.

И отиде чекор понапред во реализација на идеите кои се граничат со опстанок во друштвото на најдобрите.

ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ – ВАРДАР            68:81

Далеку подобро и доста попрецизно делува гостите од Скопје во првото полувреме. „Вардарци“ имаа одлична реализација, која на истекот на оние 20.минути им донесе и двоцифрено водство (44:32). Во голема мерка креирано од Ташовски (12) и Крстевски (10), кои ја надминаа бројката од десет реализирани поени.

На другата страна, без стартниот центар Коне, во таа улога се најде Арсовски, и ја одработи сосема солидно. На осум поени придодаде и седум скока во првиот дел од играта, доста сиромашен со поени за екипата-домаќин.

Со парцијални (19-8) во нецели седум минути од третата четвртина, стружани се доближија на само еден поен негатива, (51:52).

Вардар го одбрани тој напад на стружани, и тој дел од играта го затвори со предност. Но од само пет поени (60:55) со кои се влезе во последниот.

Ташовски и Провел го оддржуваа тоа вардарово водство, кое во 36.минута беше плус 8 (71:63).

Разлика која остана недостижна за стружани кои загубија уште два драгоцени бода на свој терен од директниот конкурент.

Виктор Ташовски го одигра веројатно својот најдобар прволигаки натпревар. Реализираше 25.поени (реализација од игра 11/12), Провел се разбуди во второто полувреме и дојде до стандардни 20. реализации. Крстевски имаше 12, а Дујковиќ два помалку кај Вардар.

Кај Црн Дрим Грин мобиле, најефикасен беше Клусен, стрелец на 19.поени, додека уште три играчи финишираа со десет поени, Арсовски, Мек Брајд и Жоао Марсело, 

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобиле – Вардар     68:81

Куманово 2009 – ТФТ      во тек

18.00: Гостивар - Академија ФМП     

Сала „Младост“ – Гостивар

18.30: Пелистер – Кожув           

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ПРЕТХОДНО ОДИГРАН НАТПРЕВАР

Еуро Никел 2005 –МЗТ Скопје Уни Банка    90:79

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            одложено