24.12.2021

Уште едно коло, па прволигашите одат на заслужен одмор...

12.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Дали шампионот може да ја прекине победничката серија на Пелистер?

А во него едно големо прашање... Дали актуелниот бранител на шампионската титула, екипата на МЗТ Скопје Аеродром може да стави крај на серијата на победи на кошаркарите на Пелистер?

Онаа која трае 11 кола, односно цел прв дел од сезоната во Првата лига, која ги прави битолчани и главни конкуренти на екипата која го брани шампионскиот пехар.

А одговорот ќе го добиеме дури во понеделник, откако комесарот за натпреварување го прифати барањето на двата клуба, учесници во АБА 2 лигата, да имаат ден повеќе за подготовка за големото дерби, а кое ќе биде со директен пренос на МРТ од 18.часот.

А последниот круг во 2021 година ни носи уште пет други натпревари.

Денеска ќе се одиграат три, а саботната програма, од 17. часот, ќе ја отворат екипите на Ангели и Куманово 2009. Два тима од долниот дел на табелата. Првата без победа, другата во обид да фати приклучок со екипите од средишниот дел во прволигашкиот поредок.  

Едeн час подоцна, во „Кале“, кошаркарите на Работнички ќе го дочекаат „помалиот брат“ од Аeродром, екипата на МЗТ Скопје Уни Банка, во обид со победа да ги остават сите проблeми со кои се соочуваа(т) во оваа 2021 година.

Во истиот тајминг, но во Гостивар, гостиварци му се домаќини на се подобриот состaв на Еуро Никел 2005. Погледот на табелата кажува дека станува збор за две изедначени екипи, каков што впрочем беше и нивниот прв одигран меч во кавадаречки „Јасмин“.

Неделните термини се резервирани за две средби во Скопје. Од 17.часот, кошаркарите на ТФТ ќе се обидат да стават крај на лошата серија на игри без победа, и годината да ја завршат со успех. Свои замисли секако имаат гостите од Гевгелија, кои и досега покажаа дека знаат да изненадат, особено кога тоа не се очекува од нив.

Два часа подоцна, во салата „Независна Македонија“ уште еден интересен меч во кој во улога на главни актери се екипите на Навико Академија ФМП и на Феникс 2010.

Екипи кои и дефинитивно играат над сите очекувања, за што сведочи и пласманот на табелата. А особено тоа се однесува за гостинската, која првиот дел од сезоната го заврши со позитивен ефект (6-5).  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 12. КОЛО

САБОТА:

17.00: Ангели – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/65F7-ETYGag

18.00: Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/AmewtnAKEkU

18.00: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/S2unMlXUovc

НЕДЕЛА:

17.00: ТФТ – Кожув

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/jiW44TUI_PE

19.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/OJBqbZz7Kno

ПОНЕДЕЛНИК:

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/b1e5OVPQowA