25.12.2021

Победнички ја затворија 2021 година кумановци, со убедлива победа (104:76) против „фенерџијата“ во друштвото на најдобрите.

12.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Куманово ги остави Ангели на последното место

Домашните кошаркари остануваат цела година без победа во Првата лига. Против Куманово, екипата на Ангели имаше сили за некои 17.минути од последниот меч за двете екипи во оваа календарска година.

Ангели – Куманово 2009           76:104

Домаќините, без ниту еден странец во екипата, им парираа на кумановци до три минути пред крајот на првото полувреме кога А. Наумоски постигна тројка, и намали на (37:39).

До истекот на 20.минути, Куманово 2009 направи серија (14-2) со која се одвои на двоцифрена плус (53:39).  

Во продолжението на играта дилеми повеќе немаше. Подобрата, поискусната екипа знаеше не само да ја задржи таа предност, туку и да ја донесе до уште повисоки (84:60) како што беше на крајот на третата четвртина.

Онаа последната беше само обична формалност.

Целата прва петорка на гостите, освен. Ѓукановиќ стигна до двоен број на поени. Но најмногу 20, имаше „резервистот“ Мексвејн. Двоен број од играчит еод клупата имаше и лаловиќ-14.

Кај Ангели за кои ова беше и 12. пораз во серија откако се во Првата лига, Атанасов уфрли 21. поен, Прентовиќ имаше 13, а по десет реализираа Деолски и Л. Наумовски.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Ангели – Куманово 2009           76:104

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка во тек

Гостивар – Еуро Никел 2005    во тек

НЕДЕЛА:

17.00: ТФТ – Кожув

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/jiW44TUI_PE

19.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/OJBqbZz7Kno

ПОНЕДЕЛНИК:

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/b1e5OVPQowA