26.12.2021

По победата над Феникс 2010 (95:75) екипата од Кисела Вода е веднаш до водечкиот двоец во првенството

12.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП ќе „презими“ на третото место

Некои можеби заборавија, и го прогласија Феникс 2010 за изненадување на полусезоната. Навико Академија ФМП е екипата која ќе „презими“ на високото трето место на табелата. Со ефект (8/4) еднаш зад двете најдобри екипи во шампионатот, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром, кои утре вечер е се надигруваат која до нив е и најдобрата во овој момент.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС 2010           95:75

По изедначениот почеток, и доста рамноправна игра во првите десет минути, домаќините ја добија таа стартна четвртина со (25:22).

Но не се задоволија со тоа избраниците на тренерот Александар Петровиќ. Сакаа да потврдат уште еднаш дека имаат екипа за тие високи позиции на табелата. Но и да се реваншираат за поразот во стартното коло од првенството.

Имаа одлични втори десет минути во кои го кршеа отпорот на противникот и до полувремето обезбедија и повеќе од задоволителни (53:40).

Второто полувреме помина во вистинска „потера“ на Феникс 2010, во обиди да се стигне таа висока негатива. Но кај „лавовите“ постојано имаше кошаркари кои знаат, кои умеат да се одбранат од сите тие напади. Во таков ритам мина и третиот период од играта во кој домашната екипа ја задржа високата предност.

А во онаа последната, имаа и плус 15 (80:65) по три минути од играта. А по двете тројки кои дојдоа од Крстајиќ и Стојановски, таа разлика веќе се претвори во недостижна (86:65) иако до крајот требаше да се доиграат повеќе од шест минути.

Апсолутно заслужено, особено ако се земе в предвид дека дури петмина домашни кошаркари имаа барем десет и повеќе поени. Лидер, со 20 поени беше токму Стојановски, Ајви даде 15, исто толку и Двојаковски.

На другата страна, кај Феникс 2010 добро работеше само „трилингот“ Морган-Џонс-Митревски.

Вечерва премалку за да се направи уште едно изненадување.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Ангели – Куманово 2009           76:104

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89

Гостивар – Еуро Никел 2005    79:79

ТФТ – Кожув           80:66

Навико Академија ФМП – Феникс 2010      95:75

ПОНЕДЕЛНИК:

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/b1e5OVPQowA