Во гостиварски „Младост“ вечерва мораше да се одиграат дополнителни десет минути за да се дознае која екипа е подобра. На крајот, по два екстра периоди, падна пресудата, дека тоа е екипата на Гостивар.
ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 2005 106:105
По една четвртина и поделија големите ривали во првото полувреме. Гостите од Кавадарци беа подобри во првата, која ја решија во своја корист со (28:24), домаќините пак направија пресврт во вториот период од играта. И до истекот на првото полувреме, стигнаа до водство, иако не високо, од (48:45).
Ефремовски и Јанески веќе стигнаа до 12.поени, Ворку даде еден помалку за Гостивар, додека пак кај Еуро Никел 2005, се издвои искуснито Соколов – стрелец на 13.поени.
Во продолжението од играта, со серијата д (12-5), на средина од третата четвртина Гостивар дојде и до двоцифрена позитива (60:50). Но кавадарчани немаа намера да се предадат, напротив...
До истекот на тој дел од играта симнаа дури седум поени, па последната четвртина ја дочекаа со прифатливи (66:63) во корист на екипата-домаќин.
По поените на расположениот Јанески (негов 23) , Гостивар се одлепи на (72:65). Но не за долго, затоа што на две минути пред крјаот, со кошот на Дубински, Еуро Никел 2005 поведе со минимални (77:76).
Токму Дубински имаше шанса да му донесе победа на Еуро Никел 2005 уште во регуларниот дел. Но при резултат (79:79), на две секунди пред истекот на времето за игра, не погоди.
Во продолжението, при минимално водство на Гостивар од (85:84), во нецели две минути квадарчани направија серија од (6-0) со која поведоа (90:85). Но одиграа почетнички во преостанатите 21.секунда. Скапо ги чинеше и нереализираното слободно фрлање на Калахан, затоа што Тодоровиќ казни на другата страна, со тројка за нов егал (91:91).
Резултатот не го смени ниту довчерашниот „гостиварец“, ивица Димчевски, па мораше да се играат уште пет минути во „Младост“.
Во нив Гостивар тргна со (6-0), за (97:91), но последната минута од второто продолжение, екипите ја дочекаа со резултат (99:98). Но Ренато Димитриески со тројка го оддалечи Гостивар на (102:98) кога останаа само 35.секунди за играње. Во „пенал-рулетот“, решението го даде Јанески, со „отпадокот“ по нереализираното слободно фрлање на Ефремовски, за крај на „маратонот“ во Гостивар, во кој за два часа и 35. минути се стигна до неверојатни (106:105).
За скор (7-5), и пробив на третата позиција на табелата во пресрет на наредните мечеви од оВа коло.
Утре вечер се играат уште два натпревари од ова последно коло во календарската 2021 година. Од 17. часот, екипата на ТФТ го пречекува гевгелиски Кожув, додека два часа подоцна во салата „Независна Македонија“, Навико Академија ФМП игра со Феникс 2010.
Ова 12. коло ќе биде затворено со дерби дуелот помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер кое се игра во понеделник, од 18.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“, со директен преност на МРТ.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО
Ангели – Куманово 2009 76:104
Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89
Гостивар – Еуро Никел 2005 106:105
НЕДЕЛА:
17.00: ТФТ – Кожув
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/jiW44TUI_PE
19.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/OJBqbZz7Kno
ПОНЕДЕЛНИК:
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/b1e5OVPQowA