Екипата на МЗТ Скопје Уни Банка ја продлабочи кризата која деновиве владее во тимот од „Градски парк“. А како на поинаков начин, освен со победа на гостински терен. Прва за тренерот Борис Нешовиќ откако го превзема кормилото над вториот тим на МЗТ Скопје.
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 87:89
Мошне изненадувачки делуваа оние (44:49) на полувремето од овој натпревар. Особено за оние кои не можеа да го проследат „во живо“ дуелот на најтрофејниот, и на вториот тим на клубот од Аеродром.
Дека се дојдени по изненадување во „Кале“, избраниците на Борис Нешовиќ покажаа уште во првата четвртина во која беа и повеќе од рамноправен противник. И ја добија со минимални (21:20).
Тој курс младите кошаркари од Аеродром го држеа и во вториот период од играта во кој дури таа разлика ја зголемија. И до одморот изградија солидни (49:44).
Рансом со 13, и Андоноски со 11. поени го предводена нападот на гостинската екипа во коај Петровски додаде девет, а Јигитоглу еден поен помалку.
На спротивната страна, својата индивидуална изведба Џексон Пол ја заокружи со 15. реализации, а капитенот Марковски ги погоди трите обиди за три поени.
На многу посериозна екипа заличе домашната во третата четвртина. На Пол и Марковски, поентерски им се приклучи и Мустафица. Домаќините дадоа дури 30.поени, примија десет помалку, доволно за да го превземат водството и контролата над натпреварот во „Кале“.
На влезот во последниот период, Работнички имаше предност од пет поени (74:69). Но со серија од (8-2), младите „металци“ одново го преземаа водството, (78:77), и најавија неизвесна завршница на натпреварот, која се покажа како особено сиромашна според бројот на реализациите.
Особено тоа се однесуваша за „црвено-белите“, кои дури во псоледната минута од играта, некако стигна до десет уфрлени поени. Но само за Данаиловски го намали водството на МЗТ Скопје Уни Банка на (84:87).
На 14. секунди пред крајот, Андоновски погреши му даде шанса на Данаиловски, токму со тројка да го однесе овој меч во продолжени од пет минути, Но младиот бек не погоди зад линијата 6.75 метри. А со еден „пенал“ ,казни Петровски за недостижни (88:84).
Тројката на Пол и поенот на Андоновски од линијата за слободни фрлања беа само за „кореографија“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО
Ангели – Куманово 2009 76:104
Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89
Гостивар – Еуро Никел 2005 во тек
НЕДЕЛА:
17.00: ТФТ – Кожув
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/jiW44TUI_PE
19.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/OJBqbZz7Kno
ПОНЕДЕЛНИК:
18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/b1e5OVPQowA