Последниот натпревар во 2021 година на кошаркарски план, го донесе големото дерби во Првата лига. Во Аеродром, МЗТ Скопје го пречека непобедливиот Пелистер.
И не ја промени таа констатација. Да, Пелистер е непобедлив во Македонија, го докажаа тоа „пелистерци“ на вистинското место и во вистинско време. Против бранителот на титулата која така силно ја посакуваат во Битола.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 78:93
Како се играше во првите десет миути се чини дека оние (19:26) во корост на Пелистер беа премалку за битолчани.
Осовео ако се знае дека лидерот во првенството имаше убави, високи (26:12) по само осум минути од дербито на 12. коло, последното во 2021 година.
Не ја искористија „зелените“ еуфоријата која им ја донесе Стојан Ѓуроски со своите три тројки во серија. И многу подобрата напаѓачка игра во однос на шампионот.
Наместо да продолжат во ист стил, во последните две миути од првата четвртина, особено по промената на стартната петорка (тројца нови играчи), почнаа да форсираат уште повеќе во шутот од далечина.
И тука некаде како да погрешија „пелистерци“ во офанзивната стратегија. МЗТ Скопје Аеродром успеа да го искористи тоа, и макар за момент, да се приближи. И да дојде на само -7 (19:26).
Во ист стил продолжи играта и во вторара четвртина, Во само две и пол минути од играта, и втората тројка на Дејвис, Пелистер имаше „само“ два поени предност (29:27).
Периодот без поени на Пелистер, со тројка (од петтиот обид) го прекина Кесар за (32:27) на средина од вториот период. Битолчани додадоа уште четири поени во мини-серијата за да бидат на пристојна резултатска дистанца, (36:29).
На две минути до одморот, Стојановски имаше шанса да донесе и нерелен резултат. Но погои само едно од двете слободни фрлања во серијата на „сино-белите“ за (35:36). Не застанаа тука домашните кошаркари. Со нова серија од (9-3) или вкупно (15-3) конечно го превземаа водството кое го имаше противникот цели 17 и пол минути - (44:39).
Иако имаше промени на водството ниту во едне момент на дербто немаше нерешен резулта. Се случи тоа во 24.минути кога на семафорот во „Јане Сандански“ беше испишано (51:51). Ревија на тројки беше третата четвртина од натпреварот. Подобро се снајдоа битолчани кои погодија повеќе обиди за три во однос на домашниот тим. Доволно макар и за момент да ја вратат негативата од полувремето. И да поведат со (59:57) во 26.минута. По седмата тимска, а втора на Малешевиќ, во четвртината, повторно водеше Пелистер со (62:57).
Тоа беше и четвртина за лидерската екипа во која дадоа 31 поен, примија 17. За веќе ново, чувствително водство од (70:61).
Но уште еднаш премногу лесно дозволија ново враќање на шампионот. По „неспортската“ на најдобриот нивни поединец, Игор Кесар, МЗТ Скопје Аеродром ја пролонгира серијата на (9-0) и дојде до сериозно достижни (70:75).
Но тројките на Малешевиќ,па на Стајиќ, го вратија Пелистер на патеката кон 12. по ред триумф (81:70) , како што беше на 4:28 минути пред крајот. Ако Ѓуроски даде тир тројки во првата, Стајоќ беше играчот кој го репризираше тоа во последната. За Пелистер да „побегне“ до недостижни (87:70), и да стави печат на полусезоната за паметење. Или преведено во бројки, 12. натпревари – 12. победи.
Скоро со кој „пелистерци“ ќе влезат во 2022 година!
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО
Ангели – Куманово 2009 76:104
Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89
Гостивар – Еуро Никел 2005 106:105
ТФТ – Кожув 101:84
Навико Академија ФМП – Феникс 2010 95:75
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 78:93
ТАБЕЛА: Пелистер 24, МЗТ Скопје Аеродром 21, Навико Академија ФМП 20, Гостивар 19 Работнички 19, Еуро Никел 2005 18, ТФТ 18, Феникс 2010 18, Кожув 17, Куманово 2009 16. МЗТ Скопје Уни Банка 14, Ангели 12;
ИДНО КОЛО (22.01.2022)
Пелистер – Навико Академија ФМП
Феникс 2010 – Работнички
Куманово 2009 – Гостивар
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром
МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели
Еуро Никел 2005 - ТФТ