26.12.2021

Екипата од Тафталиџе направи голем пресврт и го победи Кожув (101:84), за 50% ефект во првенството пред паузата

12.КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ победнички, и со „стотка“ на разделбата со 2021 година

Екипата на ТФТ имаше победнички крај на оваа 2021 година. На последниот меч, дел од 12. коло, скопските“ црно-бели“ беа подобар ривал од гевгелиски Кожув.

Разликата од десет поени реализирана во првото полувреме им беше доволна за шеста победа, и 50% ефект на истекот на оваа календарска година  

ТФТ – КОЖУВ         101:84

Едно доста интересно прво полувреме виде публиката во „Кале“. Прва четвртина во која гевгеличани преку Симоновски и Вилијамс најавија дека се подготвени за надигрување и за евентуално изнендување против тимот кој во оваа полусезона прикажа доста променливи игри.

„Црвените“ го добија првиот период со сосема солидни (28:20)

Но се изгледше поинаку во втората. Екипата од Тафталиџе заигра како во „старите и добри времиња“. Доста ефикасно во нападот, со малку поцврста игра во одбраната.

Тоа беше видливо и на резултатот.

Дури 33.пооени постигна ТФТ во тој дел од играта, доволно за комплетен и играчки, и што е поважно, резултатски пресврт. Имаа плус од десет поени на полувремето (43:33).

Уште повисока беше разликата по три одиграни четвртини (78:61), по што стана појасно дека екипата од Гевгелија и нема некои сили за „враќање“ во мечот, по кој останаа на бројката од пет победи и седум порази. И позиција која е повеќе во оној долен дел од табелата во Првата лига.

ТФТ пак стигна до 50 настотен ефект (6-6), кој ги држи неколку места погоре, но доста далеку од самиот врв на првенствената табела.  

Комплетната прва петорка на ТФТ со исклучок на Ташовски, заврши со двоцифрен број на поени. А тројца од нив со дабл-дабл ефект..На 15 скока, Амир Смит додаде и 21.поен. Андреј Маслинко имаше 15.поени и 16.скока, додека пак Александар Костоски освен десет асистенции во статистиката дополни и 18. реализации.

Кај Кожув, Симоновски даде 28. поени, Вилијамс уште 26, а двоен број на поени, вкупно 11. запиша и Враниќ. 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Ангели – Куманово 2009           76:104

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89

Гостивар – Еуро Никел 2005    79:79

ТФТ – Кожув           101:84

19.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

ПОНЕДЕЛНИК:

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/b1e5OVPQowA