Кошаркарките на Баскет КАМ го добија дербито на двете непоразени екипи против Вардар, со изненадувачки високи (89:66) на теренот на противникот, во салата „Под Кале“.
И на тој начин останаа единствената непоразена екипа во групата Исток. Девојките, кои од клупата ги предводи Јордан Цветановски, имаат максимален резултат, седум победи во исто толку натпревари.
Пред Вардар кој сега има ефект (6-1) и Про Баскет со ефект (5-3)
На Западот, во таа улога, очекувано, се кошаркарките на Бадел 1862.
Во само неколку дена „баделки“ запишаа две победи. Прво на гостувањето во Гостивар (102:40). Натпреварот го одбележа враќањето на репрезентативката Александра Стојановска во дресот на ЖКК Бадел 1862, која реализираше 33.поени.
Бадел 1862 немаше никакви проблеми и во дуелот со Пантери кој го реши во своја корист, со исто така убедливи (90:32).
Сепак, лидер во оваа група, со два одиграни натпревари повеќе, е Работнички. Во овој круг на натпреварите, и дербито на 12.коло, „црвено-белите“ беа поуспешни од Струга 2009 (58:38). Сега имаат ефект од осум победи и еден пораз, додека стружанки паднаа на скор (7-2).
РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО
ИСТОК
ЖКК МЗТ Скопје Аеродром - Про Баскет 54:61
Баскет КАМ - ЖКК Вардар одл.
МКК Куманово – слободен
ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР ОД 5. КОЛО
Вардар – Баскет КАМ 66:89
ТАБЕЛА: КАМ Баскет 14, ЖКК Вардар 13, Про Баскет 13, ЖКК МЗТ Скопје Аеродром 11, Крива Паланка 10, ЖКК Куманово 2020 8;
ИДНО КОЛО (13.03)
ЖКК МЗТ Скопје А – Баскет КАМ
ЖКК Куманово – Крива Паланка
Вардар – слободен
Пробаскет - слободен
ЗАПАД
Трокал – Гостивар 2009 55:43
Пантери - Бадел 1862 32:90
ЖКК Работнички – Струга 2009 58:38
ЖКК Шкупи - слободен
ТАБЕЛА: ЖКК Работнички 17, Струга 2009 16, Бадел 1862 14, ЖКК Шкупи 14, Трокал 12, ЖКК Гостивар 2009 11, Пантери 11;
ИДНО КОЛО (13.03)
ЖКК Работнички – Трокал
Пантери – Гостивар
ЖКК Шкупи – Бадел 1862
Струга 2009 - слободен