22.01.2022

Макар што „овој“ Работнички не може да се нарече фаворит, неверојатни (102:51) и седма победа за новакот во друштвото на најдобрите

13. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 не признава фаворити, тоа е дефинитивно

Дебитантот го искористи максимално кризниот момент на нашиот најтрофеен клуб, и продолжи со изненадувањата. Иако оваа победа и не може да биде оквалификувана како таква.

ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ 102:51

Без шефот на стручниот штаб, Тони Симиќ (болест), без четирите странци од првиот дел, носители на играта, а со четири пријавени кадети, за да се запази регуларноста, екипата на Работнички беше далеку од фаворитската улога во дуелот со дебитантот во друштвото на најдобрите.

Силно мотивираниот новак во првата лига, сега дополнително засилен со појавата, присуството на екс-капитенот на напито сениорски национален тим, Бојан Трајковски, лесно се справи со она што во овој моемнт го има напито најтрофеен кошаркарски колектив.

Токму Трајковски и Морган беа главните поентери во домашната екипа која во првата четвртина обезбеди двоцифрена предност (27:16), која ја зголеми до големиот одмор на (45:27).

Искомбинираа 25 поени од крајната бројка на реализации за Феникс 2010, кој со оваа победа „отиде“ над бројката од 50% на успешност (скор 7-6), и го задржа чекорот со екипите кои ќе се борат за место во првата „шесторка“ кои ќе продолжат во сегментот – Суперлига.

Уште полошо „изгледаше“ Работнички во продолжението на натпреварот. Во 25.минута, по серијата на тројки (на Митревски и Стојановски), Феникс 2010 стигна и до највисокиот плус од 30 поени, (64:34).

Оние преостанати минути беа чисто одработување на овој прв натпревар за двете екипи во 2022 година. За Работнипки да спаси дел од честа, за Феникс 2010 пак проверка на актуелните можности на тимот кој добива нова физиономија со Трајковски во него. Но и минути за најмладите во ростерот, како Карло Димевски, а овој 15 годишен кошаркар дури успеа да се запише во листата на стрелците 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – АНГЕЛИ    81:82

КУМАНОВО 2009 – ГОСТИВАР 84:96

ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ 102:51

НЕДЕЛА:

17.30: КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Сала „26.април“ – Гевгелија

18.30: ПЕЛИСТЕР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

3.ФЕВРУАРИ

18.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ТФТ

Сала „Јасмин“ - Кавадарци