22.01.2022

Има надеж за екипата од Драчево, стигна до првиот првенствен успех, како гостин, против МЗТ Скопје Уни Банка (82:81)

13. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Победија и Ангели, за прв пат како прволигаши!

Екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Ангели ја отворија календарската 2022 година во Првата лига-мажи. Во Аеродром, последно пласираната екипа ја победи претпоследната.

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – АНГЕЛИ    81:82

Видно изменетиот состав на Ангели беше подобар противник во најголем дел од натпреварот одигран во „Јане Сандански“. Нивното засилување Грифин Раме, едноставно делуваше незапирливо од самиот почеток на средбата. Уште во раната, прва фаза од натпреварот Американецот реализираше 14. од вкупно 25 поени за Ангели кои поведоа со (25:17).

Во вториот период почнаат „да играат“ и домашните кошаркари кои симнаа дел од негативата, но на големиот одмор сепак беа во заостанување од пет поени (41:46).

Впрочем, овој меч се претвори во вистинска „бркотница“, односно во обиди на домашниот состав да го стигне водството на „фенеџијата“.

Но тоа никако не им поаѓаше од рака на избраниците на тренерот Борис Нешовиќ. Макар што на нецели четири минути пред крајот, „сино-белите“ се доближија на -3 (72:55). Но Крстевски погоди за три, за скоро недостижни (78:72), како што беше една минута подоцна, односно 180. секунди пред последниот звук на сирената.

Драматиката ја зголемија четирите поени по ред за МЗТ Скопје уни Банка,  по два на Андоноски и Јигитоглу, за најниски (76:78), на 1:35 пред крајот. По тајм-аутот Деолски, се чини ја погоди тројката на одлука, з аводство на тимот од Драчево (81:76) кога останаа да се доиграат 68. секунди. Митевски врати со „двојка“ за (78:81). Истиот играч погоди уште еднаш, но од линијата за слободни фрлања, за (79:81). Но остави само десет секунди, и напад за гостите во кој Раме исто така беше половичен од пенал линијата. А потоа шансата за да го однесе својот тим во продолженија не ја искористи Андоноски.

Младиот репрезентативец ги погоди двете слободни фрлања, но не и третото, па „минималецот“ остана за Ангели.

За славје и тоа големо, за првата победа како прволигаши!

ПРВА ЛИГА-МАЖИ:

РЕЗУЛТАТИТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – АНГЕЛИ    81:82

КУМАНОВО 2009 – ГОСТИВАР (во тек)

20.00: ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

НЕДЕЛА:

17.30: КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Сала „26.април“ – Гевгелија

18.30: ПЕЛИСТЕР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

3.ФЕВРУАРИ

18.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ТФТ

Сала „Јасмин“ - Кавадарци