„Новиот“ Кожув одолеваше скоро нецели три четвртини од средбата во Гевгелија. Дури во финишот на третиот период, шампионот се одвои на двоцифрена разлика (61:51). И тука некаде го скрши отпорот на домашната екипа.
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 71:86
Претходно видно изменетиот состав на Кожув беше рамноправен ривал на фаворитот. Во ниту еден момент екипата која сега од клупата ја предводи Перо Блажевски не беше инфериорна во однос на „металците“.
Но МЗТ Скопје Аеродром беше екипата која го имаше водството низ текот на првото полувреме, но и во продолжението од играта кога стигнаа до планираното, да имаат двоцифрено водство.
Макар што на истекот на третата четвртина резултатот беше нешто понизок (54:63) за гостите од Скопје.
Токму новите игрчи на Кожув, Каухерд и особено Бродвеј даваа тон на играта. А имаа доста солидна помош од Колев, но евидентно е дека во овој момент екипата од Гевгелија нема „полн состав“ кој може да парира на силни ривали каков што несомнено е актуелниот бранител на двете домашни титули.
Во екипата од Аеродром имше правилно расппредле број на поени. По три четвртини Николов кој се врати во ростерот (во кој недостасуваше Адем Мекиќ) имаше 14, а по два помалку запишаа Крстевски, Дејвис и Милошевиќ.
Во средината на последната четвртина МЗТ Скопје Аеродром „побегна“ и на (76:62), кога и ги симна сите дилеми околу победникот.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – АНГЕЛИ 81:82
КУМАНОВО 2009 – ГОСТИВАР 84:96
ФЕНИКС 2010 – РАБОТНИЧКИ 102:51
КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 71:86
ПЕЛИСТЕР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП (во тек)
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР
3.ФЕВРУАРИ
18.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ТФТ
Сала „Јасмин“ - Кавадарци