30.01.2021

ТФТ стигна до нов првенствен триумф, со кој ги зацели раните по поразот на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром (113:82).

13. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ се загреваше во првото, а го „пресуши“ Црн Дрим во второто полувреме

Им беше потребно цело прво полувреме на кошаркарите на ТФТ да ја „пронајдат“ својата препознатлива игра, и да го скршат отпорот на борбените гости од Струга

ТФТ – ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ        113:82

Иако, судејќи според последните игри, екиата на ТФТ важеше за фаворито, тоа не беше „забележливо“ во првата четвртина од дуелотр во СРЦ „Кале“. Екипата од Стрруга беше рамноправен противник во првите 10.минути во кои ТФТ имаше плус од два поени (27:25).

Првите „посериозни поместувања“ во резултатот, стигнаа во последните три минути на втората четвртина кога ТФТ се одлепи на двоцифрена предност. Прво на (48:37), потоа и (50:39).

Но самиот финиш им припадна на кошаркарите на Црн Дрим ГМ кои се вратија со мини серија од (10-4) за достижни (49:54) на полувремето.

Стружани продолжија со силниот отпор. Држеа „блиска дистанца“ и во првите пет минути од третата четвртина кога заостануваа само два поени. Но слично како и во првата, ТФТ влезе во нова серија од поени. Сега од (15-2) со која изгради уште поубедливи (77:63) на две и пол минути од истекот на третиот дел.

Црн Дрим Грин мобиле не беше подготвен за нов камбек. Кога веќе влегоа во ритам, домашните кошаркари дури и ја поправија кош-разликата. Имаа дури шестмина кошаркари со двоцифрен број на поени. Најмногу 19 имаше Шелман, едне помалку Андерсон, додека на 15.поени, Тај Херис придодаде и 12.асистенции.

Таква ротација во овој момент тимот од Струга нема. Па за издвојување е поентерскиот ефект на Арсоски, кој уфрли 16.поено, Марсело даде 13.поени, а еден помалку имаше Клусен.