31.01.2022

Лидерот славеше убедлива победа против Вардар (82:59), а Крива Паланка подобра од Пробаскет...

13. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Скопското дерби за Бадел 1862

Два од вкупно четирите предвидени натпревари од 13 коло се одиграа оој викенд. Во центарот на вниманието од овој круг од натпреварите беше дуелот „Под Кале“, каде Вардар го пречека непобедливиот Бадел 1862.

Иако требаше да биде локално, скопско дерби, „баделки“се погрижија тоа да не изгледа така. Стигнаа до убедлив триумф (82:59), со кој ја потврдија супериорноста во оваа прва фаза во која имаат максимални 13. победи.

Чекор понапред направија кошаркарките на Крива Паланка. Беа подобри од екипата на Пробаскет (64:56) со то потврдија дека немаат намери да се откажат од битката за позицијата број 4.

Поради присуство на Ковид 19 во нивните редови, екипата на Баскет Кам 2011 мораше да го откаже патувањето за Струга, додека МЗТ Скопје Аеродром стигна до службена победа, откако екипата на Работнички не се појави на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

Викендов продолжија натпреварите и во групата „Б“. Убедливи настапи имаа екипите на Гризли (славеа со високи 72:35 против Шкупи), и штипска Тим Арена која лесно ја совлада Риниа со (64:35).

Во третиот меч од десеттото коло, Гостивар како гостин беше многу подобра екипа од Куманово 2020, победи со убедливи (57:25).

Својот меч од овој круг од натпреварите, лидерот Трокал ќе го одигра утре попладне против Мега баскет.

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Крива Паланка – Пробаскет     64:56

Вардар – Бадел 1862      59:82

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 20:0 сл.

Струга 2009 – Кам Баскет 2011           одложено

ТАБЕЛА: Бадел 1862 26, Баскет Кам 2011 22 (-1), Вардар 22, Струга 2009 19 (-1), Крива Паланка 19, Работнички 14 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 14 (-1), Пробаскет 14;

ИДНО КОЛО (05.02)

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром

Баскет Kам 2011 – Крива Паланка

Работнички – Вардар

Бадел 1862 – Струга 2009

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Тим Арена – Риниа          64:35

Гризли – Шкупи    72:35

ЖКК Куманово 2020 – Гостивар 2009           25:57

Патриот 2016  слободен

01.02: Трокал – Мега Баскет

ТАБЕЛА: Трокал 16 (1-), Гризли 16, Патриот 2016 14, Гостивар 2009 14, Тим Арена 14, Шкупи 14, ЖКК Куманово 2020 11, Риниа 9, Мега баскет 8 (-1);

ИДНО КОЛО(05.02)

ЖКК Куманово 2020 – Тим Арена

Гостивар 2009 – Гризли

Патриот 2016 – Трокал

Мега Баскет - Риниа

Шкупи - слободен