Коло без изненадувања, би се рекло, кога станува збор за 13. круг од натпреварите од Втората лига-мажи.
Фаворитите за највисок пласман запишаа уште по една победа, и се еден чекор поблиску во обидите да ги реализираат своите планови кои се граничат со влез во друштвото на најдобрите.
Сепак, се чини дека најважниот триумф го запиша екипата-лидер во шампионатот. Чаир 2030 помина уште едно нималку лесно гостување. Она во Велес, каде беа подобри од екипата на Борец Баскет (76:70). Доволно да ја задржат предноста во однос на Вардар и Соколи 1933.
„Вардарци“ беа повеќе од убедливи во дуелот на ланските прволигаши, против Црн Дрим (111:55), додека пак Соколи 1933 се рехабилитираше со победа против Партизан Водно Санс (87:76) на домашен терен во Штип.
Приклучок со горниот дел од табелата држи и Струмица која во ова коло му нанесе пораз на Баскет КАМ (71:58). Истото се однесува и за ГКК Охрид, кој излезе како победник на гостински терен во Битола, против Хераклеа (77:75).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО
Соколи 1933 – Партизан Водно Санс 87:76
Борец Баскет – Чаир 2030 70:76
Шкупи – Тетекс ТТК 81:77
Струмица - Баскет Кам 71:58
Хераклеа – ГКК Охрид 75:77
Вардар – Црн Дрим 111:55
ТАБЕЛА: Чаир 2003 25, Вардар 23, Соколи 1933 23, Баскет Кам 20, Шкупи 20, Струмица 20, Борец Баскет 19, ГКК Охрид 19, Партизан Водно Санс 18, Црн Дрим 16, Тетекс ТТК 16, Хераклеа 15;
ИДНО КОЛО (12.02)
Тетекс ТТК – Хераклеа
Баскет Кам – Вардар
Борец Баскет – Соколи 1933
Црн Дрим – Шкупи
ГКК Охрид – Чаир 2030
Партизан Водно Санс - Струмица