09.03.2020

13. КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА: Фаворитите возат со „сто на час“

Лидерот на Истокот, екипата на ТФТ го прегази Шкупи (100:65), додека пак „стотка“ испорачаа и кошаркарите на Црн Дрим во дуелот во западната конференција, против Албес (100:70).

 

Кошаркарите на ТФТ го задржаа најдобриот ефект во Втората лига. По 13. одиграни круга се единствената екипа со еден пораз. Во ова коло дадоа сто поени против Шкупи, и ја задржаа предноста од една победа повеќе во однос  на Феникс 2010 и на Струмица.

Во оваа 13.рунда, Феникс 2010 беше доста убедлив против Борец Баскет (89:55), а колото на домаќините го заокружи победата на Спарта против КАМ Баскет (84:82).

Со овој триумф екипата од Скопје дојде до четвртото место на Западот, последното кое води во следниот, елиминациски круг од натпреварите.  

А на неколку кола до крајот на оној регуларен дел, скори извесно, три екипи од Западот обезбедија место во доигрувањето за пласман во друштвото на најдобрите.

Покрај Црн Дрим и Партизан Водно Санс, и дефинитивно тоа е екипата на Ангели, која во ова коло немилосрдно го наполни кошот на Спорт Тим (114:43).

Убедлив триумф за заверка на првото место остварија и кошаркарите на Црн Дрим, и тоа на гостувањето кај Албес (100:700), а и третиот четвртфиналист во оваа конкуренција. Екипата на Партизан Водно Санс кој во еден доста ефикасен натпревар го победи прилепски Мега Баскет со (99:92).

Засега, на позицијата број 4 која исто така води во плеј-фот, е екипата на Тетекс ТТК која беше подобра од Чаир 2030, во Теетово славеше со сигурни (80:72).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Феникс 2010 – Борец Баскет             89:55

ТФТ – Шкупи        100:65

Спарта – Баскет КАМ    84:82

Струмица – Риниа         одл.

МКК Куманово - слободен

ТАБЕЛА: ТФТ 23, Феникс 2010 20, Струмица 20 (-1), Спарта 17, Борец Баскет 16, Шкупи 16, Баскет КАМ 15, МКК Куманово 14, Риниа 12(-1) ;

ИДНО КОЛО (14.03)

Баскет КАМ – Струмица

Риниа – ТФТ

Шкупи – Феникс 2010

Борец Баскет – Куманово

Спарта – слободен

ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Албес – Црн Дрим          70:100

Партизан ВС – Мега Баскет   99:92

Спорт Тим – Ангели      43:114

Тетекс ТТК – Чаир 2030         80:72

Хераклеа - слободен

ТАБЕЛА: Црн Дрим 22, Партизан ВС 21, Ангели 20, Тетекс ТТК 18, Мега Баскет 18, Хераклеа 17, Чаир 2030 15, Спорт Тим 13, Албес 12;

ИДНО КОЛО (14.03)

Чаир 2030 – Спорт Тим

Ангели – Партизан Водно Санс

Мега Баскет – Албес

Црн Дрим – Хераклеа

Тетекс ТТК - слободен