ФОТО: Екипата на ЖКК Крива Паланка
Без особени промени на табелите во двете групи помина 13.првенствено коло во женска сениорска конкуренција.
Екипите кои важат за фаворити стигнаа до лесни и убедливи победи.
Во источната група, Баскет КАМ без особени проблеми славеше на гостувањето против МЗТ Скопје Аеродром со (100:41), додека на вториот меч во оваа група, Крива Паланка немаше тешка задача во дуелот со Куманово на гостински терен (67:28).
На западот ништо ново...
Кошаркарките на Работнички ја задржаа првата позиција на табелата откако убедливо го поразија Трокал (76:32), за скор (10-1), пред максималниот ефект на Бадел 1862 (8-0) кој има дури три натпревари помалку.
Во оваа група, битна победа однесоа и кошаркарките на Гостивар од гостувањето кај Пантери (52:47).
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО
ИСТОК
ЖКК МЗТ Скопје А – Баскет КАМ 41:100
ЖКК Куманово – Крива Паланка 28:67
Вардар – слободен
Пробаскет - слободен
ТАБЕЛА: КАМ Баскет 16, ЖКК Вардар 15, Про Баскет 14, Крива Паланка 12, ЖКК МЗТ Скопје Аеродром 12, ЖКК Куманово 2020 9;
ИДНО КОЛО (17.03)
Вардар – Куманово
Крива Паланка – Про Баскет
ЖКК МЗТ Скопје Аеродром - слободен
Баскет КАМ – слободен
ЗАПАД
ЖКК Работнички – Трокал 76:32
Пантери – Гостивар 47:52
ЖКК Шкупи – Бадел 1862 (16.03)
Струга 2009 - слободен
ТАБЕЛА: ЖКК Работнички 21, Струга 2009 17, Бадел 1862 16, Трокал 14, ЖКК Шкупи 14, ЖКК Гостивар 2009 14, Пантери 12;
ИДНО КОЛО (17.03)
Трокал – Пантери
Гостивар – ЖКК Шкупи
Бадел 1862 - Струга 2009
Работнички - слободен