Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од 14. првенствено коло. За жал, поради пандемијата од коронавирусот, повторно се одложени два натпревари. Поради забележано присуство на вирусот, нема да се играат натпреварите Вардар-МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер-ТФТ.
Денеска, од 18.часот е закажан дуелот помеѓу екипите на Еуро Никел 2005 и Гостивар, додека преостанатите три средби се играат во неделниот термин. Ќе играат Црн Дрим Грин мобиле-МЗТ Скопје Уни Банка, Работнички-Кожув и Куманово 2009 – Академија ФМП
18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
Вечерва во Кавадарци, гостува Гостивар, екипа полна со искуство, но и со квалитет, која го покажа тоа во изминатите неколку кола.
„Дерби натпревар во кој што ќе одлучуваат нијанси. Гостивар е одличен тим кој што игра брза кошарка, Наша задача ќе биде да се обидеме тоа да го стопираме. Видовме дека победија во Битола кај лидерот во нашиот шампионат, и со тоа покажаа дека се еден од најдобрите тимови во лигата. Но сепак, ние играме на домашен терен, и ќе гледаме тоа да го искористиме на најдобар можен начин, а тоа е победа“- посакува Горан Самарџиев пред вечерашниот натпревар.
Натпревар на кој гостиварци му пристапуваат со голема самодоверба. Тоа го потенцира и Ивица Димчевски, кој на претходното гостување, она во Битола, имаше маестрална шутерска вечер.
„Искрено се надевам дека ќе одиграме пред се борбено, и онака како што сме договорени, но и дека ќе ја продолжиме победничката серија“- кратко и јасно вели искусниот бек на гостиварци пред вечерашниот дуел во „Јасмин“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 14.КОЛО
ДЕНЕСКА:
18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
НЕДЕЛА
16.00: Црн Дрим Грин мобиле – МЗТ Скопје Уни Банка
Спортски центар „Тими“ - Сттруга
17.00: Куманово 2009 – Академија ФМП
Сала Економско „Перо Наков“- Куманово
17.00: Работнички – Кожув МТВ
СРЦ „Кале“ – Скопје
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:
Пелистер – ТФТ
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром