29.01.2022

Во првите натпревари од 14. коло, три победи на домаќините

14. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар и Навико Академија ФМП ја делат позицијата број 3, а ТФТ го одалечи Куманово 2009 од Суперлигата

Три натпревари се играа во исто време вечерва... Од 18 .часот, разигруваа Навико Академија ФМП и Кожув, ТФТ и Куманово 2009. односно екипите на Гостивар и МЗТ Скопје Уни Банка. Завршија со три убедливи победи на домаќините...

Навико Академија ФМП – Кожув       92:64

Уште во првата четвртина кошаркарите на Навико Академија ФМП обезбедија двоцифрена предност (21:10). Одлично функционираше првата петорка на „лавовите“, дополнета со поентирања од резервните играчи како што се Кошанин и Ф. Стојановски.

Па по шест минути играње во втората четвртина, домашната екипа водеше со уште повисоки (33:16).На нето повеќе од една минута до истекот на првиот дел, Навико Академија ФМП имаше двојно повеќе дадени од примени поени (40:20). А Филип Бакоч со 11. реализации, беше првиот двоцифрен играч во двете екипи.

По 20.минути игра, домаќинот имаше убедливи (44:22).

Слично се одвиваа настаните и во второто полувреме. Домашниот состав го задржа истото натпреварувачко темпо кое едноставно беше незапирливо, пресилно за гостите од Гевгелија. Од минута во минута избраниците на Александар Петровиќ го кршеа моралот на противникот. И на истекот на 30.минути веќе беа далеку од противникот. Водеа со (72:37). И кога стана јасно дека Навико Академија ФМП ја запишува и својата деветта победа во досега одиграните 14. кола од Првата лига-мажи.

ТФТ – Куманово 2009     109:100

ТФТ ја доби уводната четвртина од средбата во СРЦ „Кале“ со (27:23), но Куманово 2009 одигра многу подобро во втората. Не само што се вратија во мечот, туку кумановци го превземаа водството во овој меч.

Во 16. минута од играта поведоа со (46:41).

Зивчевиќ и Абром (кои искомбинираа 28. поени) со помош на Глигоријевиќ (додаде уште девет) беа творците на пресвртот во играта.

Кумановци имаа уште повисоки (49:41). Но со серија од (7-0) ТФТ се доближи до поен негатива (48:49) на истекот на првото полувреме.

Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка      106:85

Улогата на фаворит во овој меч гостиварци ја потврдија уште во првите 10.минути од играта. Поведоа со (28:20), а во исто темпо продолшија и во втората четвртина. Со серија од (7-2), обезбедија највисок, до тој момент, плус 15, (37:22).

А скоро од половина поени во тој дел од играта, вкупно 15, кај Гостивар реализираше Александар Тодоровиќ. Серијата на „сино-белите“ продолжи и до уште повисоки (41:22), како што стоеше на семафорот во салата „Младост“ во Гостивар во 15. минута од играта.

Некоја минута подоцна Гостивар имаше и плус 20, (47:27), потоа и (49:29). А по поените на Дејли беше и (53:32), за тоа прво полувреме да финишира со сличен резултат, (60:40).

Со 15 поени на Тодоровиќ, уште 10 на Ворку, додека кај гостите од Скопје, во преден поентерски план беа 18. поени кои дојдоа од Лука Петровски.

Тука не застанаа гостиварци...

По паузата од 15. минути уште повеќе ги уништија сите надежи на младите кошаркари од Аеродром дека можат да сметаат на некое изненадување на ова гостување во Гостивар. По три четвртини Гостивар имаше уште поголема, и недостижна предност (90:60).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Навико Академија ФМП – Кожув       92:64

ТФТ – Куманово 2009     109:100

Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка      106:85

МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 (во тек)

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

09.02: Ангели – Работнички

02.03: Феникс 2010 – Пелистер

ТАБЕЛА: Пелистер 13-0, МЗТ Скопје Аеродром 10-3, Гостивар 9-5, Навико Академија ФМП 9-5, Феникс 2010 7-6, Работнички 7-6, Еуро Никел 2005 6-6, ТФТ 7-6, Кожув 5-8, Куманово 4-10, МЗТ Уни Банка 2-12, Ангели 1-12;