07.02.2021

По цели четири години, и дури 10. мечеви по ред. Кожув конечно го победи Работнички во еден првенствен натпревар (81:78).

14. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув чекаше четири години, и успеа, го победи Работнички

И тоа во Скопје, на гостински терен...

Со одлично офанзивно одиграно второ полувреме, гевгеличани направија пресврт и дојдоа до толку посакуваната победа.

РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ  78:81

Гевгеличани ја имаа предноста на почетокот на средбата во „Кале“. Делуваа доста сигурно, пред се во фазата на нападот гостинските кошаркари. Имаа постојано водство. Водеа со (18:13), потоа и со највисоки (23:15), за таа уводна четвртина гевгеличани ја решат во своја корист со (25:20).

Се почувствува во играта на скопските „црвено-бели“ онаа пауза во шампионатот во која и променија дел од ростерот. Ново име во тимот од „Градски парк“ е Михајло Богдановиќ.

Во протоколот го немаше Американецот Ламар Вашингтон, еден од најдобрите во досегашниот дел од сезоната.

На 4:49 минути до истекот на полувремето, Работнички поведе. По слободните фрлања на Николовски беше (32:30) за домашната екипа. Серијата иа искусното крило продолжи (за кратко време постигна 14.поени), па Работнички имаше и повисоки (36:32).

Серијата од (16-4) од 14. до 19.минута го донесе Работнички до предност на полувремето (42:37).

Николовски не застана ниту во продолжението на мечот. Го полнеше противничкиот кош, и по неговиот 23.поен (10 од 11 во шутот од поле), Работнички водеше со највисоки (49:40).

Наместо да одат и на двојна позитива, скопјани дозволија враќање на Кожув. Преку двете тројки на искусниот Караџовски, а потоа уште една на Пајиќ за минимални (59:60) по три четвртини.

Со нова тројка, првата на Скот, продолжи гостинската серија на поентирање без одговор. За водство на Кожув (62:60).

Тројкашката серија ја продолжија Симоновски, и уште еднаш Караџовски, за двоцифрена предност на гевгеличани (78:68), на нецели три минути до крајот. Имаа идентични (80:70) минута и пол подоцна. Но дозволија, во исто толкав период, домаќинот да направи серија од (8-0), за (78:80).

А потоа, и да  им дадат, прво Николовски, а пред звукот на сирената за крај, и на Питс, со тројка да го  однесат натпреварот во екстра периодод пет минути.

Имаа среќа, не примија кош, но победата ја заслужија. За нив петта во 11.одиграни мечеви.

Во осмиот меч од сезоната во Првата лига ова беше трет пораз за Работнички.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

Црн Дрим Грин мобиле – МЗТ Скопје Уни Банка 80:84

Куманово 2009 – Академија ФМП     72:66

Работнички – Кожув        78:81

Еуро Никел 2005 – Гостивар     89:99

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:

Пелистер – ТФТ

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром