Во дуелот во кој се сретнаа две екипи кои досега имаа само по еден првенствен успех, екипата на МЗТ Скопје Уни Банка го победи Црн Дрим Грин мобиле.
Во натпревар со неколку резултатски пресвети на крајот голема радост за младиот тим од Аеродром.
Црн Дрим Грин мобиле – МЗТ Скопје Уни Банка 80:84
Одличен почеток имаше младата екипа на МЗТ Скопје Уни Банка. Во првите десет минути од играта обезбедија убедливо водство, од 13.поени (29:16), во кое, што е особено важно, дури 15.поени дојдоа од играчите кои не беа во улога на стартери.
Но почетоот на втората четвртина донесе многу подобра игра на стружани. Со серија од (14-3) потполно се вратија во мечот. Намалија на (30:32) за само пет минути ја истопија двоцифрената негатива. Но домаќините тука не застанаа. Со помош на новакот, Кристофер Хортман (реализираше десет поени), а продолжија серијата и до (21-5) по која дури и преминаа во водство, (37:34) на 3:39 минути пред одморот.
По тројката на Настовски, разликата беше и четири поени (40:36) за Црн Дрим ГМ. Марсело, со својот 10.поен, покачи на (44:38) и ја затвори таа одлична, и пред се, доста ефикасна четвртина на домашната екипа (28-9) во која направија вистински играчки и резултатски пресврт.
Во продолжението, Црн Дрим ГМ имаше и двоцифрени (51:40). Но со серија од седум поени по ред, гостите се доближија на (47:51). За кратко, „црно-белите“ најдоа одговор на таа поентерска секвенца. За кратко време ја вратија двоцифрената предност (60:49), потоа и (62:52).
Во „бранови“ реализираа двете екипи во третата четвртина. Дојде редот на МЗТ Скопје Уни Банка, преку Митевски и Монтгомери беше вратена неизвесноста (58:62). Но во последниот дел од играта, Црн Дрим ГМ беше екипата која влезе со солидно водство од (67:60).
Но немаше предавање за младите „металци“, напротив... Во нецели шест минути од последниот дел, стигнаа и до „половина кош“ позитива (74:73). А по тројката на Андоноски, имаа уште повисоки, (77:73). Нервозата влезе кај домаќините, кои не успеаја да се опорават од последниот противнички удар. МЗТ Скопје обезбеди уште повисоки (83:77) на влезот во последната минута, по што може да се израдуваат на вториот успех во шампионатот.
Со право ако се земе в предвид дека во тимот на Борче Даскаловски, дури петмина кошаркари имаа десет и повеќе реализации.
Веќе стандардно, дабл-дабл ефект (19.поени и 13.скока) на Монтгомери за МЗТ Скопје Уни Банка. Митевски имаше 15, Савиќевиќ 13, еден помалку Андоноски, додека Зекири заврши со 11.поени
Сите четири странски кошаркари во Црн Дрим Грин мобиле, завршија со двоен број на поени. Им се придружи и Настовски.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО
Црн Дрим Грин мобиле – МЗТ Скопје Уни Банка 80:84
Еуро Никел 2005 – Гостивар 89:99
Куманово 2009 – Академија ФМП во тек
Работнички – Кожув во тек
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ:
Пелистер – ТФТ
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром