Вицешампионот заврши со максимален ефект по првиот дел од сезоната
Полусезона во знак на Бадел 1862...
Актуелниот вицешампион ги потенцира шампионските амбиции по 14.одиграни кола од првата фаза од натпреварувањето во Првата лига-жени, во кои реализираше исто толку победи.
Последната дојде во дуелот против екипата на Струга 2009, убедлива, изразена со 54. поени разлика (98:44), за недостижни 28.бода на истекот на првиот дел по кој натпреварувањето остана без екипата на Работнички, која не го одигра и вториот, по ред, натпревар по што е дисквалификувана од понатамошниот дел од сезоната во Првата „А“ лига.
Преостанува да се одиграат два натшревари, одлошени поради проблемот со корона-вирусот кој е забележан во редовите на баскет кам 2011.
Откако бранителот на титулата ќе ги одигра мечевите со екипите на Струга 2009 и со Крива Паланка, ќе бидат формирани и натпреварувачките броеви за втората фаза од првенството – „оролоџото“.
Следните возбудувања се на 26. февруари.
Возбудливи моменти има и во „Б“ групата, ги донесе првиот пораз на екипата на Трокал. На гостувањето во Делчево каде подобри од нив беа кошаркарките на Патриот 2016 со (63:55), со што стана интересна трката за првата позиција на која атакува и екипата на Гризли.
Новакот во оваа конкуренција беше сигурен на гостувањето во Гостивар (83:38), па сега е на чекор до лидерот на табелата.
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром 64:66
13.02: Баскет Кам 2011 – Крива Паланка
Работнички – Вардар 0:20 сл.
Бадел 1862 – Струга 2009 98:44
ТАБЕЛА: Бадел 1862 28, Вардар 24, Баскет Кам 2011 22 (-2), Струга 2009 20 (-1), Крива Паланка 19 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 18, Пробаскет 15, Работнички 14;
ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО
ЖКК Куманово 2020 – Тим Арена 39:47
Гостивар 2009 – Гризли 38:83
Патриот 2016 – Трокал 63:55
Мега Баскет – Риниа 53:54
Шкупи - слободен
ТАБЕЛА: Трокал 19, Гризли 18, Патриот 2016 16, Тим Арена 16, Гостивар 2009 14, Шкупи 14, ЖКК Куманово 2020 12, Риниа 11, Мега Баскет 10;
ИДНО КОЛО(12.02)
Тим Арена – Мега Баскет
Риниа – Патриот 2016
Трокал – Шкупи
Гризли – ЖКК Куманово
Гостивар - слободен