19.03.2021

„Баделки“ беа убедливи во дерби-дуелот со Струга (80:41)

14. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 со максимални „десет од десет“

Кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа и до десеттата победа во првиот дел од сезоната во женската Прва лига. Во дуелот кој требаше да биде дерби на 14.коло, без особени проблеми славеа против екипата на Струга 2009 со повеќе од убедливи (80:41).

На тој начин девојките во „сино-жолта“ комбинација ја реализираа десетата победа во исто толку одиграни мечеви, со која се израмнија со бројот на успешните игри со екипата на Работнички (10-1).

Во натпревар во којшто преносот„ во живо“ се вршеше преку ново инсталираниот систем на “паметни камери” во рамките на проектот FIBA Connected Stadium, “баделки” стигнаа до убедлива победа, предводени од расположените Стојановска, којашто постигна 22 поени, и Трајчевска која реализира два помалку.

Најефикасни во екипата од Струга беа новите засилувања, Лаковиќ со 17, и Спаиќ со 13. реализирани поени.

На вториот натпревар од групата Запад, кошаркарките на Трокал славеа победа против скопски Пантери (59:35).

На Истокот, Вардар го прегази Куманово (107:34), и со натпревар повеќе ја презема првата позиција на табелата со скор од осум победи и и еден пораз.

ФОТО: ЖКК БАДЕЛ 1862