15.03.2021

Екипата од Чаир има само еден пораз во 13. одиграни натпревари

14. КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Чаир 2030 со најдобар ефект, Феникс 2010 ги стигна Ангели

ФОТО: Екипата на Борец Баскет од Велес

 

Поразот на лидерот во источната група, екипата на Ангели на гостувањето во Велес, од Борец Баскет (48:71) го одбележа 14.коло од Втората лига.

Втор за кратко време за екипата од Драчево, која се изедначи со бројот на бодови кои ги има екипата на Феникс 2010.

Во овој круг од натпреварите Феникс 2010 стигна до убедлива победа против Куманово 2 (103:56), па сега е бодовно израмнет, за делба на првото место на Истокот каде беа одложени две средби, Струмица-Про Баскет и Баскет КАМ – Шкупи.

Откако не играа во претходното коло, во ова, кошаркарите на Чаир 2030 продолжија со победувањето. А поразот на Ангели ги остави како единствена екипа со само еден загубен меч по 14.одиграни коло.

Освен тоа, чаирчани почнаа да испорачуваат и „стотки“, како што беше случајот во дуелот со младиот тим на Спарта (100:67). Во прилог им оди и поразот на ГКК Охрид на гостувањето во Битола, каде загубија од Пелистер Медика карта (66:71).

Со натпревар помалку, Чаир 2030 има бод повеќе од охридскиот состав пред последните четири кола, и скоро дефиниран број 1 на Западот пред разигрувањето за пополнување на Првата лига.

Чекор поблиску до доигрувањето направи и екипата на Тетекс ТТК која го доби мошне важниот меч со битолска Хераклеа (79:75).

Сега и двете екипи имаат по девет победи (Хераклеа има натпревар помалку), исто како и екипата на Партизан Водно Санс, која во ова коло го одложи мечот со Риниа, поради позитивни случаи на корона вирус во тимот.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

ИСТОК 

Феникс 2010 – Куманово-2          103:56

Борец Баскет -Ангели         71:48

Ролинг 08 – МКК Куманово         57:88

Струмица – Про Баскет       одл.

Баскет КАМ – Шкупи одл.

ТАБЕЛА: Ангели 26, Феникс 2010 26, Шкупи 23 (-1), Баскет КАМ 21 (-1), Борец Баскет 21 (-1), МКК Куманово 19, Струмица 17 (-2), Куманово-2 16, Про Баскет 15 (-1), Ролинг-08 14 (-1);

ИДНО КОЛО (20.03)

Ролинг 08 – Феникс 2010

МКК Куманово – Баскет КАМ

Шкупи – Струмица

Про Баскет – Ангели

Борец Баскет - Куманово 2

ЗАПАД

Спорт Тим – Мега Баскет   78:75

Партизан Водно Санс – Риниа    одл.

Тетекс ТТК – Хераклеа        79:75

Чаир 2030 – Спарта    100:67

Пелистер Медика карта – ГКК Охрид 71:66

ТАБЕЛА: Чаир 2030 25 (-1), ГКК Охрид 24, Тетекс ТТК 23, Партизан Водно Санс 22 (-1),  Хераклеа 22 (-1), Пелистер Медика карта 21, Мега Баскет 18, Риниа 17, Спарта 17, Спорт Тим 15;

ИДНО КОЛО (20.03)

Пелистер Медика карта – Спорт Тим

ГКК Охрид – Чаир2030

Спарта – Тетекс ТТК

Хераклеа – Партизан Водно Санс

Риниа – Мега Баскет