По 14. одиграни кола кошаркарите на Чаир 2030 направија уште еден голем чекор во реализација на своите амбиции кои се граничат со прволигашки.
Чаирчани славеа уште една победа на гостински терен, овојпат против екипата на ГКК Охрид, со сигурни (89:73). Доволно за скор (13-1), со кој се далеку напред на првенствената табела.
Сега уште еден понапред, ако се земе в предвид дека нивните конкуренти за местото број 1, доживеаја порази во овој круг од натпреварите.
Кошаркарите на Баскет Кам беа повеќе од убелдиви во натпреварот против Вардар (81:58), додека пак штипски Соколи 1933 загубија на гостувањето во велесе, каде многу подобра игра од нив прикажаа кошаркарите на Борец баскет. Победија со (81:59), па сега Вардар и Соколи 1933 се на ефект (10-4).
По успехот проти Вадар, екипата од Македонска Каменица е на два чекори зад двете екипи кои го делат второто место, заедно со Струмица која својот меч од ова коло против Партизан Водно Санс ќе го одигра на 17. февруари.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
Тетекс ТТК – Хераклеа 74:62
Баскет Кам – Вардар 81:58
Борец Баскет – Соколи 1933 81:59
Црн Дрим – Шкупи 104:78
ГКК Охрид – Чаир 2030 73:89
17.02: Партизан Водно Санс – Струмица
ТАБЕЛА: Чаир 2003 27, Вардар 24, Соколи 1933 24, Баскет Кам 22, Борец Баскет 21, Шкупи 21, Струмица 20 (-1), Борец Баскет 21, ГКК Охрид 20, Партизан Водно Санс 18 (-1), Црн Дрим 18, Тетекс ТТК 18, Хераклеа 16;
ИДНО КОЛО (26.02)
Струмица – Соколи 1933
ГКК Охрид – Борец Баскет
Вардар – Партизан Водно Санс
Чаир 2030 – Тетекс ТТК
Шкупи – Баскет Кам
Хераклеа – Црн Дрим