Натпреварувањето во женската Прва лига влезе во последниот круг. Останува да се одиграат уште три натпревари по кои ќе бидат познати и шестте екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во Суперлигата.
А пред одигрувањето на средбите Работнички - Бадел 1862, Баскет КАМ – Вардар и Крива Паланка - Про Баскет, извесно е дека имаме пет учесници во доигрувањето за титулата.
Во групата „Запад“, тоа се екипите на Бадел 1862, Работнички и Струга 2009, додека пак на „Истокот“ сигурни се Баскет КАМ и Вардар.
Последниот патник ќе го одлучи дуелот помеѓу екипите на Крива Паланка и Про Баскет. Екипата од Кавадарци брани предност од седум поени кои ги стекна на домашен терен (победа од 60:53)
Битни за конечниот исход на табелата се и другите две средби. Првата се игра утре, од 16. часот, во Македонска Каменица, каде екипата на Баскет КАМ (скор 9-0) го пречекува скопски Вардар (8-1). Домашната екипа која има максимален ефект, ќе заврши како првопласирана дури и ако го загуби овој меч, но со разлика помала од 23.поени (победа на првата средба во Скопје од 89:66).
Во директен дуел, екипите на Работнички и Бадел 1862 ќе одлучат за „единицата“ на Западот. „Баделки“ се во голема предност затоа што го добија првиот меѓусебен дуел со убедливи (64:40).
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
ИСТОК
Вардар – Куманово 103:34
Крива Паланка – Про Баскет одл.
ЖКК МЗТ Скопје Аеродром - слободен
Баскет КАМ – слободен
ТАБЕЛА: КАМ Баскет 18 (-1), ЖКК Вардар 17 (-1), Про Баскет 14 (-1), Крива Паланка 13 (-1), ЖКК МЗТ Скопје Аеродром 12, ЖКК Куманово 2020 10;
ЗАПАД
Трокал – Пантери 59:35
Гостивар – ЖКК Шкупи 70:54
Бадел 1862 - Струга 2009 80:41
Работнички - слободен
ТАБЕЛА: Бадел 1862 22 (-1), ЖКК Работнички 21 (-1), Струга 2009 19, Трокал 16, ЖКК Шкупи 16, ЖКК Гостивар 2009 16, Пантери 13;